Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Трипуновски на средба со земјоделци во Новаци за откупната цена на пченицата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Трипуновски на средба со земјоделци во Новаци за откупната цена на пченицата
Агровести

Министерот Трипуновски на средба со земјоделци во Новаци за откупната цена на пченицата

Објавено 25/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со земјоделци во општина Новаци за откупната цена на пченицата. 

– Денеска сум во посета на пелагониско, во општина Новаци, срцето на житницата во Република Македонија, на разговор со земјоделците околу почетокот и текот на откупот на лебното жито. Денеска ќе разговараме за сите отворени ситуации коишто се на прагот на жетвата. Претпоставувам дека и годинава ќе има проблеми како што имаше и минатата година, изјави Трипуновски.

Тој информира дека за наредните денови има закажано средби за откупот на пченицата со повеќе земјоделски здруженија, но и со млинарите и откупувачите на пченица во државава.

– Во текот на утрешниот ден имам договор за средба со земјоделски здружение од другите делови на Република Македонија на коишто исто ќе сакам да го слушнам нивното размислување, нивниот став и во четврток веќе имам договорено посебна средба со откупувачите, со млинарите коишто откупуваат пченица, да се обидам да ја сублимирам цела оваа ситуација, да извлечеме што е можно повеќе, денар плус за македонскиот земјоделец, којшто знаеме дека изминативе години претрпе многу штета од лошите политики, вели Трупиновски.

Посочи дека власта ја преземаат на половина од годината и дека заради лошите политики и непланското водење на секторот земјоделство веќе е направена одредена штета која што ќе влијае на цената на пченицата за оваа реколта. Но,  нагласи, ќе се преземат сериозни чекори и планирања за идната жетва.

Трипуновски наведува дека позитивните политики на Владата ќе се почувствуваат во тек на наредната жетва, односно, како што вели, кога оваа година ќе го подготвиме теренот и наредната година оние земјоделци коишто навистина произведуваат пченица ќе почувствуваат што значи вистинска грижа за нивното производство.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владажетвапченицатрипуновскицветанцена
Претходен напис Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе отвори 630 работни места
Следен напис Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?