Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кочански „Водовод“ почна со размена на оризова слама за компост од станицата за пречистување на отпадни води
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кочански „Водовод“ почна со размена на оризова слама за компост од станицата за пречистување на отпадни води
Агровести

Кочански „Водовод“ почна со размена на оризова слама за компост од станицата за пречистување на отпадни води

Објавено 18/06/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани почна да разменува оризова слама со земјоделците за компост што го произведува во станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци.

Покрај отпадната тиња од фекалните води, во производството се користи и сламата од оризот што се собира од полињата, која наместо да се пали по завршувањето на жетвата, сега има нова употребна вредност. Со тоа целосно ja финализира постапката за пречистување на водата од фекалната канализација во општината, односно станицата е единствена во регионот во која има затворен круг на процесот, а воопшто не генерира отпад.

– Во рамки на претпријатието е регистрирана подружницата „Компостара“ која има добиено и дозвола за производство на органско ѓубриво со трговско име „Комвод“. Една од основните суровини за негово производство е оризовата слама, со што сакаме да ги потсетиме земјоделците дека не треба да ја палат по завршувањето на жетвата и да не го загадуваат воздухот. Ги повикуваме сите земјоделци да нè контактираат и за секоја бала слама доставена во станицата ќе добијат вреќа компост. Завршени се анализите за квалитативните вредности на ѓубривото и добивме позитивни резултати, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе го регистрираше, односно запишано е во регистарот и листата на ѓубрива, биостимулатори подобрувачи на својствата на почвата, истакна Радостина Стоилковска, раководителка на Станицата за пречистување на отпадните води.

Компостотот на КЈП „Водовод“ се пакува во вреќи од по 25 литри и за почеток ќе се разменува само со земјоделските производители од кочанскиот регион. Во зависност од побарувачката, во втората фаза се планира да се пакува и во поголеми или помали количини и да се нуди и комерцијално во трговската мрежа во државата.

Заокружувањето на процесот за пречистување на отпадните води и производство на органско ѓубриво во станицата кај Мојанци е реализирано со поддршка од швајцарската влада, при што набавена е потребната механизација и опрема за пакување. Како нуспроизвод од ферментацијата н отпадната тиња се добива и метан, што заедно со поставените фотоволтаични панели, служи за затоплување и за производство на електрична енергија за потребите за станицата за пречистување.

Стручните испитувања на компостот покажале дека може да се користи во производтството на житни култури, во овоштарници, за цвеќарници и за ѓубрење на праковски и други зелени површини. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВодоводКочанскиоризова сламаотпадни водиразменастаницата
Претходен напис Земјоделците од Овчеполскиот регион со блокада на експресниот пат Штип-Велес го изразија револтот поради проблемот со наводнување на нивите
Следен напис Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?