Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промотивна работилница на НФФ во Неготино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промотивна работилница на НФФ во Неготино
Агровести

Промотивна работилница на НФФ во Неготино

Објавено 15/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националната федерација на фармери организираше промотивна работилница во Неготино, на која беа презентирани резултатите од проектот „Развој на локалната индустрија во земјоделските региони преку зајакнување на капацитетот за управување и маркетинг“. 

Како што соопшти денеска НФФ, проектот е поддржан од Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и првпат во руралните средини во државава ја воведува методологијата „Едно село – еден производ“ .

– Методологијата „Едно село – еден производ“ се покажа како ефикасен начин за промоција на земјоделските производи и нивните преработки, со цел развој на локални бизниси препознатливи во руралните средини. Преку пилот интервенција во неготинското село Тимјаник, каде што се произведува маџун, беше демонстрирана потенцијалната успешност на овој иновативен пристап. Оваа промотивна работилница го истакна значењето на „Едно село – еден производ“ како модел за одржлив економски развој и го потврди потенцијалот на руралните заедници во Република Северна Македонија да создадат квалитетни и препознатливи производи, соопштуваат од НФФ.

На работилницата со поздравни говори се обратија: Казуја Оцука, амбасадор на Јапонија во државава, Нагашима Маана, претставник на JICA, Горан Стојанов, градоначалник на општина Неготино и Стеван Орозовиќ, извршен директор на Националната федерација на фармери.

Проект менаџерот во НФФ, Билјана Петровска – Митревска посочува дека целта на оваа методологија е да ги поттикне локалните заедници да ги користат своите ресурси и вештини за создавање уникатни производи кои ќе бидат конкурентни на домашниот и меѓународниот пазар. Пристапот не само што придонесува за економскиот развој на одделен регион, вели Петровска – Митревска, туку исто така обезбедува платформа за зачувување и промоција на производството и наследството на локалните заедници.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:НеготиноНФФПромотивнаработилница
Претходен напис Викендов стабилно со пораст на дневната температура, од понеделник повторно локален дожд и грмежи попладне
Следен напис Националната мрежа на земјоделци бара итна средба со Владата за цената на житните култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?