Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отстранети се дефектите и нормализирано е водоснабдувањето во високи зони во Куманово, браната прелева
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отстранети се дефектите и нормализирано е водоснабдувањето во високи зони во Куманово, браната прелева
Агровести

Отстранети се дефектите и нормализирано е водоснабдувањето во високи зони во Куманово, браната прелева

Објавено 10/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нормализирано е водоснабдувањето во високите зони во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Водовод“ и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“.

Проблемот го надминале екипите на АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ кои го отстраниле дефектот. Граѓаните од приградските населби „Карпош“, „Иго Тричковиќ“, „Ајдучка чешма“, „Јане Сандански“, „Перо Чичо“, населба „Железничка станица“, населба „Черкезе“, како и горниот дел од улица „Бајрам Шабани“ и околните улици кои гравитираат околу неа имаа проблеми со водоснабдувањето и реагираа, барајќи да се надмине горливиот проблем поради жештините.

-Од вчера е нормализирано водоснабдувањето во високите зони, проблем кој настана од намален доток на вода до филтер станица поради дефект и беше затворен „бајпасот“. Од вчера има 370 литри вода во секунда во целата мрежа, така што и зоните во населбите имаат редовно водоснабдување, изјави директорот на ЈП Водовод“, Оливер Стојмановски.

Тој апелираше да не се полеваат бавчи, да не се мијат автомобили, да не се полнат базени и водата рационално да се користи.

И директорот на АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ Оливер Илиевски, кажа дека е надминат дефектот кој се случил пред викендот.

-Екипите напорно работеа, имаше проблеми на две места. Надминат  е проблемот. Воедно, да потенцирам дека браната прелева и исполнет е целосно капацитетот кој на двете брани. Вода ќе има доволно за сите и за граѓаните и за земјоделците, изјави Илиевски.

Вкупниот капацитет на браната Липково е милион и 400 илјади метри кубни, додека на браната Глажња е 24 милиони кубни метри вода.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водоснабдувањетодефектитеКумановоНормализираноОтстранети
Претходен напис Утре и задутре прскање против комарци во осум општини од Југоистокот
Следен напис Најдолг топлотен бран во Индија, најлошото допрва доаѓа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?