Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Јадеме безбедна и квалитетна храна, поради грешки на операторите во маркетите може да се најдат производи со истечен рок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: Јадеме безбедна и квалитетна храна, поради грешки на операторите во маркетите може да се најдат производи со истечен рок
Агровести

Бабовски: Јадеме безбедна и квалитетна храна, поради грешки на операторите во маркетите може да се најдат производи со истечен рок

Објавено 07/06/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јадеме безбедна и квалитетна храна. Се што е во промет и инспекциски контролирано, е апсолутно сигурно, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

На прес-конференција по повод 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна, Бабовски информира дека во првите пет месеци од годинава се спроведени преку 22 000 инспекциски контроли. На Агенцијата и недостигаат уште најмалку 40-на инспектори и институцијата од новата влада ќе побара нови вработувања за инспекциската служба.

Според директорот, инспекторите, засега околу 180, совесно ја вршат работата, а сите мерки во однос на безбедноста на храната што важат во ЕУ, се применуваат и кај нас. 

Се случува некои од земјите во ЕУ да ни вратат извезена храна и во вакви случаи грешката е најчесто во примарното производство, на нива, каде што се употребуваат одредени пестициди.

-Граѓаните при купување на кој било производ добро да се информираат што стои на декларациите, посебно да внимаваат на начинот на чување и складирање, како и на рокот на употреба. Често поради одредени грешки на економските оператори може да се најде на рафтовите во маркетите производ со истечен рок. Нашите инспектори на ова посветуваат посебно внимание, напомена Бабовски. 

Од почетокот на годинава до АХВ се поднесени 79 иницијативи од граѓани за вршење инспекциски надзор, од кои 32 се однесувале на безбедноста на храната. Граѓаните се пожалиле на купување храна со поминат рок на употреба, храна подготвена и послужена во нехигиенски услови, несоодветно означена и неозначена храна, сомнежи за труење со храна, како и други претставки кои се однесуваат на квалитетот на прехранбените производи. Од вкупниот број поднесени иницијативи од областа на безбедноста на храната, како неосновани се отфрлени четири. По поднесените и основани претставки постапуваат инспекциските служби на АХВ. 

Како што рече директорот Бабовски, повеќе од 600 милиони луѓе во светот се разболуваат од несоодветна, неквалитетна или небезбедна храна, повеќе од 420 000 лица умираат секоја година од небезбедна храна или еден од 10 се разболуваат од конатминирана храна. Храната е воедно причинител и на преку 200 болести кај луѓето.

-Со оглед дека наредната недела земјава ја очекува топол бран, до 39 степени, граѓаните на крајот од набавката да ги купуваат леснорасипливите производи и веднаш да ги складираат на температура не повисока од пет степени. Со тоа, заедно, одговорно се грижиме за своето здравје, порача Бабовски. 

Мотото на годинашниот Светски ден е „Безбедност на храната: подгответе се за неочекуваното“, а АХВ се придружи кон кампањата Safe2Eat за 2024 година на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) која се реализира со партнерите од ЕУ земјите членки и земјите кандидати. Станува збор за ребрендирање на кампањата #EUChooseSafeFood (ЕУ избира безбедна храна), со обновена заложба за промовирање на свеста за безбедноста на храната кај европските граѓани.

Safe2Eat во која е вклучена и АХВ, има за цел да ги информира граѓаните за различните аспекти на безбедноста на храната, овозможувајќи им да направат избор на храна уверени во нејзината безбедност, но и да ја зголемат нивната лична доверба во системот за храна на ЕУ. Кампањата првенствено е насочена кон европските граѓани на возраст меѓу 18 и 55 години, но и кон пошироката јавност, односно од оние кои имаат високо ниво на свест и мала грижа за безбедноста на храната, до оние кои се многу загрижени и помалку информирани за неа.

Во својата четврта година од реализирањето, кампањата годинава се фокусира на три клучни области: практики за безбедна храна, храната и здравјето и што има во вашата храна.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бабовскибезбеднагрешкиистечен рокЈадемеквалитетна хранаоператоритепроизводи
Претходен напис Пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар во Штип
Следен напис Од идната недела уште повисоки температури, на некои места и до 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?