На територијата на општината Неготино се спроведе прскање против комарци, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
– Со финансиски средства обезбедени од општинскиот буџет, синоќа во доцните вечерни и раните утрински часови на целата територија на општина Неготино се спроведе дезинсекција преку прскање против комарци. Прскањето се одвиваше од земја со користење на препаратот „аквакотрин“- еден од најефикасните за уништување на комарците и започна околу 22 часот, појасни градоначалникот.
На почетокот биле опфатени периферните делови од општината, а по полноќ кога и раздвиженоста е помала, се прскало во централното градско подрачје и останатите делови од Неготино.
МИА
