Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над 80 проценти од Куманово има вода која треба да се користи како техничка, се до конечна потврда од Центарот за јавно здравје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над 80 проценти од Куманово има вода која треба да се користи како техничка, се до конечна потврда од Центарот за јавно здравје
Агровести

Над 80 проценти од Куманово има вода која треба да се користи како техничка, се до конечна потврда од Центарот за јавно здравје

Објавено 23/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над 80 проценти од Куманово има вода во домаќинствата, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“. Во наредниот период се очекува целосно стабилизирање на водоснабдувањето. Во моментов без вода се повисоките делови од градот, граѓаните од „Народна Револуција“, од „Франц Розман“, „Бајрам Шабани“, граѓаните од делот во близина на градските гробишта. Кај граѓаните од централното градско подрачје, според информациите, целосно е стабилизирано водоснабдувањето.

– Над 80 отсто од граѓаните непречено добиваат вода од водоснабдителниот систем. Во текот на наредните неколку часа се очекува целосно стабилизирање во сите делови од градот. Напомнуваме водата да се користи како техничка, се до конечна потврда од Центарот за јавно здравје кои треба да направат три последователни анализи кои ќе ја потврдат исправноста на водата на пиење, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојамновски.

По првата анализа резултатите се очекуваат во рок од 48 часа, а потребни се три последователни анализи.

И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски информираше дека водоснабдувањето полека се стабилизира и ќе се надмине проблемот во текот на наредните часа.

-Извинување во мое име и благодарност до сите граѓани за разбирањето за настанатата хаварија и нарушениот процес на водоснабдување на градот поради лошите временски услови. Благодарност до екипите на ЈП „Водовод“ кои многу посветено и професионално го санираа овој проблем со водоснабдување на градот, вели Димитриевски.

Во текот на денот ќе се одржи уште еден состанок на општински штаб за заштита и спасување.

Вчера утрото надлежните информираа дека водата е заматена поради обилните дождови во Липковско. Во текот на вчерашниот ден кумановци немаа вода, освен неколку населби кои се снабдуваат со вода од „Митев мост“ и Бедиње. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:80 процентиводаКумановотехничкаЦентарот за јавно здравје
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево со температура до 28 степени
Следен напис Продолжен рокот за програмата за мерката 3 – Инвестиции во основни средства за прераработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?