Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се отстрануваат последиците од невремето во Србија и се проценуваат штетите, вонредна состојба во Нови Пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се отстрануваат последиците од невремето во Србија и се проценуваат штетите, вонредна состојба во Нови Пазар
Агровести

Се отстрануваат последиците од невремето во Србија и се проценуваат штетите, вонредна состојба во Нови Пазар

Објавено 22/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се отстрануваат последиците од силното невреме што вчера ја зафати Србија. Едно лице загина во Сомбор кога дрво падна врз возило. Изгаснат е пожарот што избувна во дворот на зградата на ЕПС во Нови Сад, поради што дел од градот остана без струја. Пожарникарите и спасувачите евакуираа пет лица и едно бебе. Во Нови Пазар е прогласена вонредна состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Началникот на Секторот за вонредни состојби во Нови Пазар, Исмаил Дупљак изјави за РТС дека се работи за големо невреме.

-Речиси еден час паѓаше град, што е невидено на овие простори. За еден час на некои мерни места во градот паднаа над 66 литри вода на метар квадратен, што исто така е невидено, изјави Дупљак.

Во регионот на Ужице за време на вчерашното невреме наврнаа близу 40 литри дожд на метар квадратен, па дождовната канализација не можеше да ја прими целата вода.

Имаше и одрони, оштетувања на патната инфраструктура, а недостигаше и струја.

Најобилни врнежи придружени со град имаше во Мачва, Бачка, Срем, и во Златибор.

Жена загина во Сомбор кога дрво падна врз возилото што го возела.

Во Пожега и Чачак падна град со големина на орев и предизвика штети на земјоделските култури и овошните насади. Во Пожега се излеаја поројни потоци.

Како што најавуваат метеоролозите и денеска попладне во Србија ќе важи портокалова метео тревога. Попладне повторно ќе има услови за лошо време.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:невреметоНови ПазаротстрануваатпоследицитеСрбијаштетите
Претходен напис Од градот уништени земјоделски површини во Липково и Старо Нагоричане, излеана Крива Река во североистокот
Следен напис Зошто да студирате на новата програма за Дигитално земјоделство на ФЗНХ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?