Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дигитално земјоделство – нова програма на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дигитално земјоделство – нова програма на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје
Агровести

Дигитално земјоделство – нова програма на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје

Објавено 15/05/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) отвора нова студиска програма по дигитално земјоделство. Програмата има мултидисциплинарен пристап и се реализира во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и Машинскиот факултет – МФ, сите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

– Акцентот на студиската програма е ставен на применетиот аспект на знаења и вештини што ги стекнуваат студентите, односно покрај познавање од земјоделските науки и храната, идните студенти ќе се стекнат и со експертиза во областа на информатичките технологии и дигитализацијата. Новата студиска програма ќе одговори на секојдневните предизвици во земјоделството и во производството на храна и претставува резултат на барањата и потребите на стопанството да се осовременат студиските програми на ФЗНХ, се вели во соопштението од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).

Факултетот со новите акредитации, како што се наведува, воведува и задолжителен предмет стручна пракса која ќе се реализира во соработка со стопанството. Исто така, ќе продолжи да оформува академски профили, кои со својата стручност ќе бидат способни да одговорат на барањата на современото земјоделско производство. Новите кадри ќе треба да го одржат и развијат домашниот земјоделски сектор.

– Студиската програма по дигитално земјоделство има цел да создаде дипломирани земјоделски инженери кои треба во следните години да го прилагодат земјоделскиот сектор во нашата држава кон новите модерни трендови и примената на дигиталните технологии, со што ќе придонесат за поефикасно и профитабилно земјоделско производство, конкурентно не само на нашиот, туку и на меѓународниот пазар. Оваа студиска програма ќе помогне во изградбата на нова генерација висококвалификувани млади професионалци со мултидисциплинарни знаења и вештини, способни за воведување применливи решенија и иновации во оваа значајна индустрија, но и во согласност со целите на стратегијата за паметна специјализација, изјави поранешниот декан и еден од иницијаторите за креирање на оваа програма, професор д-р Вјекослав Танасковиќ.

Од ФЗНХ наведуваат дека преку оваа студиска програма се очекува да се продлабочи соработката меѓу академијата и бизнисот и да се развие човечкиот капитал со вештини за иновации во земјоделскиот сектор. Вклученоста на бизнис секторот во оваа студиска програма е клучна за нејзиниот успешен развој, поради што ФЗНХ и нуди различни начини за соработка со бизнис заедницата.

За успешното реализирање на програмата, заедно со поддршката од неколку меѓународни соработки (IME, GIZ и SWG RRD) отворена е и нова лабораторија за дигитално земјоделство. Оваа лабораторија, како што се наведува, е клучна за наставата на новата студиска програма по дигитално земјоделство, но ќе се користи и за потребите на истражувачката дејност, како во функција на соработката со бизнис секторот и институциите.

Новата студиската програма за дигитално земјоделство на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е развиена со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), спроведена од групацијата Паладиум, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Постојаната работна група за регионален рурален развој (ПРГ РРР).

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дигитално земјоделствонова програмаСкопјеФакултетот за земјоделски науки и храна
Претходен напис Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
Следен напис Прометот во индустријата во март на годишно ниво намален за 10 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?