Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР со нов јавен повик за „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ФИТР со нов јавен повик за „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”
Јавни огласи и повици

ФИТР со нов јавен повик за „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”

Објавено 26/04/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновативноста кај македонските компании.

Повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па се до преткомерцијална фаза. Доколку предлог проектот се поднесува од страна на конзорциум, во тој случај предлог проектот го поднесува водечкиот апликант, а членови на конзорциумот можат да бидат претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и странство.

Вкупниот награден фонд на повикот изнесува 8 милиони евра, а Фондот обезбедува финансиска поддршка во износ од 20 милиони денари, односно  финансирање до 70% или до 60% од вкупниот буџет на проектот, во зависност од бројот на вработени и годишниот приохд остварен во последните две години. Времетраењето на проектите може да биде до 24 месеци.

Дополнително, со овој инструмент ги поттикнуваме компаниите да бараат дополнителни извори на финансирање, па така доколку за времетрањето на проектот а се до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститот кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, во тој случај корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти.

Активности кои ќе бидат одобрени за финансирање во рамките на повикот се за: истражување и развој, тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуалната сопственост, дизајн, развој на пилот линии, активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба.

Како главни критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите се: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и влијание на проектот.

Поцесот на евалуација на предлог проектите ќе се одвива во две фази: фаза на претселекција која се спроведува од страна на три домашни стручни лица по проект, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериуммите за евалуација и едно лице од областа што соодветсвува на предлог проектот. Во втората фаза, односно фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кои ја носат и финалната одлука за финансирање на проектите.

Рокот за аплицирање на јавниот повик „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации” е до 04 Јуни 2024 година, до 14:00 часот. Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк:
 https://fitr.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8/

За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број 070 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Јавен повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми
Неповратни до 20.000 евра грант за сопствен бизнис: Објавени јавните повици за самовработување
МЗШВ: Тендерска документација за Проектот за модернизација на земјоделството
Конференција: На македонската економија и требаат знаење, вештини и иновации, не само дипломи
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Таг:иновациијавен повиккомерцијализацијакофинансирани грантовиФИТР
Претходен напис Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ
Следен напис Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?