Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска е на средби во Пробиштип. Според форографиите на неговиот Фејсбук профил, денот му поминува во добро расположение со добри домаќини.
„Бујрум на пастрамајлија. Или како што овде во Пробиштип се вели пастрмајки.
Рецептот од прва рака од Ресторан “Златица” кој годинава слави 40 години јубилеј, 40 години искуство.

Во нашиот исток виреат безброј македонски традиции оставени, и пренесувани од колено на колено. Да ги чуваме и негуваме, тие се нашето богатство“- објави на социјалните мрежи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
