Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Распишан повик за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > МЗШВ: Распишан повик за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата 
Агровест

МЗШВ: Распишан повик за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата 

Објавено 13/04/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, со вкупен буџет од 14 милиони евра за инвестиции од оваа мерка.

Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

Како приоритетни сектори во рамки на мерката 3 се: Млеко и млечни производи; Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина); Овошје и зеленчук (вклучувајќи компири и мешункасти култури); Житарки, мелнички производи и скроб; Растителни и животински масти и масла; Шира, вино, други ферментирани пијалаци, жестоки алкохолни пијалаци и оцет; Риба и рибни производи; Сточна храна и од фуражни култури; Други производи произведени врз основа на производите опфатени со Анекс I од Договорот; Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса.

Финансиската поддршка, кај оваа мерка, се однесува на кофинасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката по оваа мерка, може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Минималната прифатлива вредност кај мерката 3 е инвестиција до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник.

Како корисници кај мерката 3 се јавуваат правни лица регистрирани во Централниот регистар на РСМ, како правни лица, согласно Законот за трговските друштва, и кои вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра, и/или годишен биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра што одговара на сегашната дефиниција за микро, мали и средни претпријатија (МСП) која е содржана во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ.

Потоа задруги регистрирани во Централниот регистар во согласност со Законот за задруги и првенствено се занимаваат со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги директно поврзани со земјоделски активности. Како и здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за начинот на аплицирање, потребната документација, условите и прифатливите трошоци за инвестицијата, можат да најдат на веб страната на Платежната Агенција.

https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/30

Земја лидер сме во спроведувањето на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Лидерската позиција ја потврдиме и сме прва земја во регионот која успешно, на 1 септември 2023 година, ја започна реализацијата на новата ИПАРД 3 програма распишувајќи го повикот за мерките 1 и 7, ставајќи ги на располагање првите 30 милиони евра, поддршка за инвестиции.

Од страна на Платежната Агенција започнат е процесот за обработката на пристигнатите апликации од првиот повик за мерките 1 и 7. Очекуваме веќе во втората половина од годината да се склучат и договорите од првиот повик за мерките 1 и 7, а потоа да биде распишан и нов повик за овие мерки од ИПАРД 3 програмата.

Новина во ИПАРД 3 програмата е можноста за 50% авансна исплата на одобрената финасиска поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани апликанти, навремено да се информираат за повикот и да аплицираат, искористувајќи ја можноста која преку оваа мерка од ИПАРД програмата им се става на располагање.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис ​Деспотовски: Македонија е со највисок раст на реалната плата и продуктивноста во регионот
Следен напис Нови 14 милиони евра грант за агрокомплексот, објавена Мерка 3 од ИПАРД!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?