Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од извоз на зелка мината година фантастични 29.9 милиони евра, со просечна цена од 0.47 евра за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Од извоз на зелка мината година фантастични 29.9 милиони евра, со просечна цена од 0.47 евра за килограм
Агровест

Од извоз на зелка мината година фантастични 29.9 милиони евра, со просечна цена од 0.47 евра за килограм

Објавено 10/04/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зелката неколку години е најизвезуваниот зеленчук од Македонија. Лани извозот достигнал фантастични 29.9 милиони евра, што е раст од 21% во споредба со 2022 година.

Неодамна министерот за земјоделство Љупчо Николовски објави податоци, според кои во 2023 е направен рекорден извоз на зелка од 29.9 милиони евра.Просечната цена на извозната зелка била 0.47 евра по килограм, што е највисока евидентирана досега.

„За разлика од 2016 година кога извозот е 15,4 милиони евра со просечна цена од 0.23 евра по килограм. Македонската зелка се продавала на 27 пазари низ целиот свет, а највисока извозна цена е постигната во Финска и Норвешка“, објави Николовски.

Првите количини пролетна зелка годинава се откупуваа за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина. Почетната откупна цена на зелката секогаш е висока за првите берби и до крај на бербата цената паѓа но земјоделците главно се задоволни од просечната цена која ќе ја имаат со завршување на сезоната.

-До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Не очекувам откупната цена од 40 денари да се задржи подолго, бидејќи во наредните недели интензивно ќе стасува производството, односно понудата ќе биде поголема од побарувачката и реално е цената да падне, смета Благој Витанов, трговец од Струмица.

И производителите се задоволни од почетната откупна цена на пролетната зелка, која освен на откупувачите ја продаваат и на Пазарот на големо во Струмица.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Македонија шеста најсиромашна земја во Европа!
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Таг:зелкаизвозмакедонијаоткуптрговцицена
Претходен напис Николовски: Со измените во законот за стокови резерви го градивме оризот во листата на статешки култури за државата
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло до 29 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?