Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тимската работа на министерот со земјоделците дава резултати: Се продолжуваат договорите за земја на производителите од Свети Николе
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тимската работа на министерот со земјоделците дава резултати: Се продолжуваат договорите за земја на производителите од Свети Николе
Агровести

Тимската работа на министерот со земјоделците дава резултати: Се продолжуваат договорите за земја на производителите од Свети Николе

Објавено 09/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски информира дека Владата ја даде согласноста за продолжување на првите договорите за закуп на земјоделско земјиште кои што договори истекоа изминатиот период.

Пред неполн месец БЕВМЕ, СЕ ДОГОВОРИВМЕ И ПОТПИШАВМЕ ЗАЕДНО. ДЕНЕСКА ИСПОЛНИВМЕ!Земјоделците од Свети Николе почнаа да ги добиваат продолжувањата на договорите за закуп на земјоделско земјиште – информира Николовски.

На денешната седница Владата ја даде согласноста за продолжување на првите светиниколски договори за закуп на земјоделско земјиште кои што договори истекоа изминатиот период.

Со денешните одлуки на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе склучи договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со непосредна спогодба со закупците, претежно од светиниколскиот регион на кои претходните договори за закуп престанаа да важат заради истек на времетраење на нивните договори, а законот им дава можност за нивно продолжување. Продолжувањето на посочените договори доаѓа во пресрет на периодот за поднесување на барањата за финансиска поддршка од мерките за директни плаќања, и со склучувањето на новите договори земјоделците ќе го имаат регулирано корисничко право на земјоделското земјиште во државна сопственост.

Како што е посочено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно член 39 став 1 од Законот за земјоделското земјиште, по истекот на времетраење на склучениот договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, по барање на закупецот, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од договорот за закуп, министерот може, по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија и по претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија, со непосредна спогодба, да склучи нов договор за закуп со закупецот, најмногу за период од петнаесет години. Но, во случај кога истекува времетраењето на договорот за закуп, а на земјоделското земјиште има подигнато долгогодишен насад во сопственост на закупецот и закупецот во целост ги исполнил обврските од договорот, по барање на закупецот, министерот може со непосредна спогодба да склучи нов договор за закуп, по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија и по претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија, за период најмногу до амортизацијата на долгогодишниот насад.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:закуп за земјаземјоделциминистерсвети николе
Претходен напис Николовски: Финансиската поддршка за женски грла говеда постари од 12 месеци ја качуваме на 12.000 денари
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?