Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата, и веќе ја испишуваме новата ИПАРД 3 успешна приказна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата, и веќе ја испишуваме новата ИПАРД 3 успешна приказна
АгровестиЈавни огласи и повици

Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата, и веќе ја испишуваме новата ИПАРД 3 успешна приказна

Објавено 03/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овие седум години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделецот. Докажавме дека може поинаку и дека може подобро. Земјоделецот денес има доверба во институциите. Знае дека има фер шанси за секоја мерка која му се става на располагање, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денес при посетата на земјоделците во општина Штип.  

„Затоа сме земја лидер во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани и исплатени договори, со искористени скоро 100% од средствата, односно до денес 63,1 милиони евра се веќе исплатени до апликантите. Нема едно населено место во државата каде нема да ја сретнете ИПАРД таблата“, истакна министерот Николовски.

ИПАРД програмата е важна поддршка за земјоделците и значи развој и модернизација на македонското земјоделство. Преку инвестициите во ИПАРД програмата ги прошируваме преработувачките капацитети, отвораме нови работни места и директно ја помагаме македонскта економија.

„Прва земја сме во регионот која успешно од 1 септември 2023 година, ја започна и реализациајта на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот повик за мерките 1 и 7, ставајќи ги на располагање првите 30 милиони евра. Довербата на земјоделците повторно ја оправдавме. Само со првиот повик од ИПАРД 3 прогамата, од ставените на располагање 30 милиони евра, ние добивме апликации во вредност од над 90 милиони евра“, истакна министерот Николовски.

Во рамки на актвностите низ Штип, министерот Николовски, оствари посета со земјоделецот Марјан Мишев, успешен земјоделец кои одгледува спнчоглед, пченка, луцерка, а добитник е и на трактор преку Националната програма. Воден од успешноста на ИПАРД 2 програмата Марјан има аплицирано на мерката 3 од ИПАРД програмата за набавка на приклучна механизација.

Министерот Николовски во Штип оствари и средба со заинтересирани апликанти за новата ИПАРД 3 програма, презентирајќи им ги заедно со директорот на Платежната Агенција Бачовски, новите можности од ИПАРД 3 програмата.   

Новата ИПАРД 3 програма предвидува, за прв пат, и авансна исплата до 50% од поддршката, веднаш по потпишувањето на договорот. Нова можност, која уште повеќе им помага на заинтересираните апликанти во реализаирање на својата ИПАРД идеја. За младите земјоделци, пак што аплицираат во ИПАРД, добиваат и поголем процент на кофинасирање од државата, при реализација на проектот. Она што посебно радува е фактот, дека од реализираните 2.100 договори во ИПАРД 2 програмата, половина се однесуваат на апликанти млади земјоделци.

Со право можеме да кажеме дека испишуваме нова успешана ИПАРД 3 приказна, во која за следните четири години вложуваме 200 милиони евра. Средства кои ќе помогнат во модернизација на домашното земјоделство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2100 инвестиции63.1 милион евраипард 2Ипард 3НиколовскиПриказнаПрограма
Претходен напис Николовски во посета на земјоделците од штипскиот регион
Следен напис Бачовски: За десетина дена повик за Мерка 3 од ИПАРД – Нови 14 милиони евра за агросекторот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?