Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Членките на ЕУ го поддржа предлогот за отстапување од некои еколошки стандарди во земјоделството 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Членките на ЕУ го поддржа предлогот за отстапување од некои еколошки стандарди во земјоделството 
Агровести

Членките на ЕУ го поддржа предлогот за отстапување од некои еколошки стандарди во земјоделството 

Објавено 26/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ на денешното заседание на Специјалниот комитет за земјоделство го поддржаа предлогот на Европската комисија за измени на стандардите за Добри земјоделски и еколошки услови (ГАЕК), поврзани со одредени акти од Заедничката земјоделска политика (ЗЗП).  

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предлогот се однесува на прашања поврзани со имплементацијата на стратешките планови на Заедничката земјоделска политика и има за цел да обезбеди поедноставување на правилата, да го намали административниот товар за земјоделството и да обезбеди поголема флексибилност при усогласувањето на земјоделците со одредени еколошки барања. 

Белгискиот вицепремиер и министер за самовработување, мали и средни претпријатија, земјоделство, институционални реформи и демократска обнова Давид Кларанвал изјави дека ова претставува „брза акција“ на барањата на европските земјоделци и одговор на бројните  предизвици со кои тие се соочени. 

– Целната ревизија на правилата ја постигнува вистинската рамнотежа помеѓу обезбедувањето поголема флексибилност за земјоделците и земјите членки и олеснување на административниот товар, а истовремено задржува високо ниво на еколошки амбиции во Заедничката земјоделска политика, истакна Кларанвал. 

Добрите земјоделски и еколошки услови (ГАЕК) е збир од девет стандарди поврзани со животната средина и климата, кои се однесуваат на земјоделците. Од нивното почитување зависи исплатата на субвенциите за земјоделците. 

Една од главните промени е што на земјите членки им се овозможува да одобрат привремени и целни отстапувања од одредени услови во случај на непредвидени климатски појави што го попречуваат почитувањето на правилата од страна на земјоделците. 

Покрај ова, земјите членки добиваат поголема слобода во заштитата на почвата, како и во одлуките за плодоредот (наизменично засевање на исти земјишни површини со разни култури), а земјоделците ќе бидат обврзани само да ги одржуваат постоечките карактеристики на земјиштето. 

Со измените, исто така, фармите помали од 10 хектари нема да бидат подложни на контроли и казни поврзани со усогласеност со правилата од Заедничката земјоделска политика. 

Овие измени таргетираат околу 65 отсто од земјоделците во ЕУ, но само 10 проценти од земјоделското земјиште. 

Се очекува целата постапка за усвојување на предложените измени и за нивно стапување во сила да заврши до крајот на мај. 

Одлуката се носи во време кога денеска во Брисел со одржуваат земјоделски протести и состанок на министрите за земјоделство на земјите членки. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еколошки стандардиземјоделствотоотстапувањепредлоготЧленките на ЕУ
Претходен напис Пролетната зелка во струмичко се откупува за 40 денари за килограм, се извезува скоро во цела Европа
Следен напис До петок дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?