Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Модерните технологии и претприемачки вештини во земјоделството претставени на ФЗНХ во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Модерните технологии и претприемачки вештини во земјоделството претставени на ФЗНХ во Скопје
Агровести

Модерните технологии и претприемачки вештини во земјоделството претставени на ФЗНХ во Скопје

Објавено 22/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Вештини за претприемништво и користење на модерни технологии во земјоделството“ се одржа денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија.

Како што информира организаторот, пред повеќе студенти, професори, чинители од секторот земјоделство беа презентирани теми за важноста на користењето на модерните технологии и претприемачки вештини во земјоделството.

– Целта на настанот беше демонстрација како модерните технологии во комбинација со претприемачки вештини можат да придонесат кон создавање на економска вредност во секторот земјоделство. На настанот беа споделени добри практики на примена на модерната технологија од Македонија, Германија, Австрија, Словенија и Грција. Беа опфатени системи за автоматско управување на земјоделската механизација и услуги во делот на прецизното земјоделство, се вели во соопштението.

Претставниците од Македонската развојна фондација за претпријатија преку примери ја потенцираа важноста на користење на дигиталната технологија во земјоделството, вклучувајќи го користењето сензори во растителното и животинското производство, користење на земјоделски дронови, автономни машини и адаптирани системи за автоматско управување на земјоделската механизација.

– Предизвиците на недостиг на работна сила, климатските промени и нерационалното користење на ресурсите можат да се надминат во одредени делови со користењето на современа и модерна механизација. Употребата на системите за прецизно земјоделство можат да донесат и 90 отсто намалување на влезните ресурси во процесот на примарно производство, стои во соопштението.

Пред присутните биле претставени и можностите за финансирање на дигиталната трансформација преку набавка на модерна технологија во земјоделството и финансиската поддршка во форма на грантови која ја нуди Македонската развојна фондација за претпријатија. Била промовирана и програмата „AgriSkills“ и платформата за обука „AgriSkills 4.0“ наменета за чинителите од секторот земјоделство, кои сакаат да се запознаат и обучат со потребните вештини за дигитална трансформација во земјоделството.

Настанот „Вештини за претприемништво и користење на модерни технологии во земјоделството“ е дел од програмата „AgriSkills“ финансирана од Европската Унија, преку програмата „Еразмус +“. Зад програмата „AgriSkills” стои стратешко партнерство од пет европски организации од Северна Македонија, Германија, Австрија, Словенија и Грција.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:земјоделствотоМодерните технологиипретставениСкопјеФЗНХ
Претходен напис ЕУ ги зголемува царините за жито и маслодајни семиња од Русија и Белорусија
Следен напис Поскапува Еуросупер БС-95
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?