Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По повод Светскиот ден на шумите, министерот Николовски и Сојузот на извидници успешно ја реализираа акција за пошумување БОРЕНКА
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По повод Светскиот ден на шумите, министерот Николовски и Сојузот на извидници успешно ја реализираа акција за пошумување БОРЕНКА
Агровести

По повод Светскиот ден на шумите, министерот Николовски и Сојузот на извидници успешно ја реализираа акција за пошумување БОРЕНКА

Објавено 21/03/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во месноста Богословец, во околината на Свети Николе, се одржа волонтерска акција за пошумување на опожарени површини „Боренка“, во организација на Сојузот на извидници на Македонија на која учествуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Ова беше најдобриот начин заедно со децата извидници и многу волонтери, да се одбележи Светскиот ден на шумите и Денот на пролетта.

Во рамките на акцијата беа засадени 5000 садници од видовите бор, даб и багрем. Учествуваа деца волонтери од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, ООУ „11 Октомвр“и и ООУ „Димитар Миладинов“, извидници од Свети Николе и Штип, како и волонтери од Волонтерски Центар Скопје, вработени во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми.

Шумите ни припаѓаат на сите нас, на целото човештво, тие се наш природен ресурс и планетарно богатство. Од нив зависат климатските промени, водните ресурси, биодиверзитетот, земјоделското производство, шумските екосистеми, економијата и уште многу други сегменти кои влијаат на квалитетот на живот на секој човек на планетава земја. Но, не само на луѓето, туку и на целокупниот шумски свет, бидејќи шумите се дом на многу животни, птици, инсекти, шумски растенија.

„Кога се нарушува шумскиот биодиверзитет, се нарушува животот на сите шумски жители. Тоа ја потенцира одговорноста која ја имаме ние како институции, но и секој од нас лично. Токму затоа, зелената транзиција е една од нашите цели, а пошумувањето е на врвот на листата на приоритети. Затоа, минатата година проектиравме пошумување на околу 600 хектари со над 1.200.000 садници од различни шумски видови. И ова е остварено, остана уште мал дел да се реализра со пролетното пошумување, кое веќе тече на локации во Кавадарци, Радовиш, Свети Николе, Пехчево, Берово, Делчево, Велес. Со исти планови продолжуваме и во 2024 година“ изјави министерот Николовски.

Една од целите на Министерството е и подигање на јавната свест за значењето на шумите. Добро да ги информираме граѓаните дека со нелегалното купувањето на дрва од дрвокрадци, тие ги поддржуваат нив, ги мотивираат уште повеќе нелегално да сечат дрва, а со тоа несвесно помагаат во уништувањето на шумите. За таа цел Министерството ја поддржа и кампањата против нелегална сеча на дрво – „Не сечи ја мојата иднина! СТОП за дрвокрадството“. Ова е национална кампања која ја спроведува Здружението на граѓани „Регионален центар за шумарство и рурален развој“– РЕФОРД, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со финансиска поддршка на Агенцијата за шуми на САД.

„Затоа со цело срце ја поддржувам мисијата на „Боренка“ и она што тие го прават, учејќи ги нашите деца уште од најмали нозе, да ја сакаат и да ја почитуваат природата. Дете кое самото посадило дрво, придонело да никне нова шума, како што садат овие деца денеска, утре ќе биде лојален и свесен граѓанин. Овие деца никогаш нема да поддржат нелегална сеча, бидејќи ќе имаат развиена свест за значењето на шумите. Нивната мисија е многу благородна, тие денес со радост садат дрвја, знаејќи дека во новата шума ќе уживаат сите шумски жители, а индиректно и сите ние“ потенцираше Николовски.

Министерот Николовски упати јавна благодарност до Снеже и Сојузот на извидници за акцијата „Боренка“ и посебна благодарност за сите деца со чиј активизам денеска  беше засадена нова шумa. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:акцијаБОРЕНКАизвиднициНиколовскипошумувањеСветскиот деншумите
Претходен напис Просечната нето плата во јануари 39 542 денари
Следен напис Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?