Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Суспензијата на царините и квотите за увоз на храна од Украина во ЕУ продолжена до јуни 2025 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Суспензијата на царините и квотите за увоз на храна од Украина во ЕУ продолжена до јуни 2025 
Агровести

Суспензијата на царините и квотите за увоз на храна од Украина во ЕУ продолжена до јуни 2025 

Објавено 20/03/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Белгиското претседателство со Советот на ЕУ и преговарачите на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за продолжување на суспензијата на увозните царини и квоти за украински прехранбени производи во Унијата за уште една година, до 5 јуни 2025 година. 

Како што соопшти Советот на ЕУ, ваквата одлука ја потврдува непоколебливата политичка и економска поддршка на ЕУ за Украина две години по почетокот на „неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Русија“.  

Со постигнатиот договор се преземаат и мерки за заштита од секое негативно влијание на оваа суспензија врз пазарот на една или повеќе земјите членки, а не само на пазарот на ЕУ во целина како што е случајот сега. Овие заштитни мерки се однесуваат на одредени производи, како живината, јајцата, шеќерот, овесот, пченката, житарките и медот. 

Според ЕУ, ваквата суспензија ќе и овозможи на Украина да продолжи да генерира сопствен приход од трговските текови со Унијата, што е особено важно за поддршка на нејзината економија во сегашните „многу предизвикувачки околности“.  

– Заедно со големата воена, финансиска и хуманитарна поддршка на ЕУ, ова ќе и помогне на Украина за нејзиното долгорочно закрепнување, како и за нејзина постепена интеграција на внатрешниот пазар на Унијата, се посочува во соопштението. 

Новата одлука, што ќе почне да се применува од 6 јуни 2024 година, вклучува и два механизми за заштита на пазарот на ЕУ – право на Европската комисија да воведе какви било заштитни мерки доколку постојат конкретни причини за тоа, како и постојан мониторинг на увозот на живина, јајца, шеќер, овес, пченка, житарки и мед и можност за автоматско воведување на увозни квоти доколку увозот на овие производи го надмине просекот од 2022 и 2023 година. 

Со новиот договор, рокот за активирање на автоматската заштита се скратува од 21 на 14 дена, а се предвидува и засилен мониторинг на увозот на пченица и другите житни култури и можност за преземање заштитни мерки во случај на нарушувања на пазарот. 

Постигнатиот договор сега треба и формално да го одобрат Европскиот парламент и Советот на ЕУ. Според најавите уште во текот на денот договорениот текст ќе биде доставен на одобрување до Комисијата за меѓународна трговија на ЕП и до Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер). Се очекува Европарламентот да го одобри продолжувањето на суспензијата на една од априлските сесии, по што тоа ќе биде потврдено и од Советот на ЕУ.  

Предлогот за продолжување на суспензијата го иницираше Европската комисија на 31 јануари 2024 година, по што тој беше одобрен од Корепер без измени на 21 февруари. Потоа, на 7 март предлогот без измени беше поддржан и од страна на Комисијата за меѓународна трговија на ЕП, но на пленарна сесија шест дена подоцна европратениците го усвоија текстот на одлуката со неколку амандмански измени. Амандманите меѓутоа не беа поддржани од Советот на ЕУ, по што беше одржан нов круг на меѓуинституционални преговори што резултираше со денешниот договор. 

Инаку, укинувањето на суспензијата на увозните царини и квоти за украинските земјоделски производи беше меѓу барањата на протестите на земјоделците изминативе месеци, кои тврдат дека ваквиот слободен увоз им нанесува загуби и ги принудува да ги намалат цените на нивните производи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕУквотитеСуспензијатаувозУкраинахранацарините
Претходен напис Календарски или метеоролошки метод за одредување на почетокот на пролетта
Следен напис Лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?