Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СООПШТЕНИЕ: Реакција на МЗШВ на интервјуто на Типуновски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СООПШТЕНИЕ: Реакција на МЗШВ на интервјуто на Типуновски
Агровести

СООПШТЕНИЕ: Реакција на МЗШВ на интервјуто на Типуновски

Објавено 13/03/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Наместо проекти и визија дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски продолжи со лагите и измислиците, во кој само самиот верува. Во интерес за точно инфомрирање на јавноста, како министерство, сме должни уште еднаш да ги разобличиме лагите и да ја изнесеме вистината пред земјоделците. 

Лага е дека договорите за закуп на земјоделското земјиште можат да се продолжат со анекс на договорот, туку со склучување на нов договор по истекот на претходниот договор. Оваа лага на дополнителниот заменик министер падна во вода уште на средбата со земјоделците од Свети Николе, корисници на земјоделско земјиште, пред кои токму дополнителниот заменик министер немаше храброст лично да дојде. 

Лага е дека е раскинат било кој од овие договори, или дека има било какво решение за раскинување. Напротив секторите на министерството секојдневно работат за продолжување на овие договори. 

Како министерство излеговме во пресрет на земјоделците, на кои им истекуваат договорите за закуп, за време на изборниот проецес и уште на 13 февруари оваа година, на предлог од МЗШВ, Владата ја усвои измената во Уредбата за директни плаќања. Во насока да овозможи право за субвенции на сите земјоделци, на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени, или ќе им истечат договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Дополнително поднесена е измена во законот за земјоделско земјиште, која по итна постапка веќе се наоѓа во Собранието, со кој се овозможува услов да земјоделците што имаат истечен договор, да не бидат избришани од ЕРЗС систмот. Овие законски измени пратениците на опозицијата ги немаат поддржано, и истите се блокираат, правејќи директна штета на земјдоелците. 

Заедно со земјоделците од Свети Николе, министерот Николовски потпиша Петиција, преку се бара собраниската комисија за земјоделство итно да ги разгледа предложените измени на законот, а Собранието да го донесе.

Дополнителниот заменик министер Трипуновски уште еднаш јавно потврди дека е против малите винари и малите производители на храна, повторно изнесувајќи ја лагата дека поддршката била доделена надвор од закон, селективно, по принципот прв дојден прв услужен. 

Спортивно на оваа негова лага, вистината е дека не постои еден апликант, за овие мерки, за поддршка на малите производители на храна и вино што исполнувал услови, а да не добил грант поддршка. 

Дел од корисниците што потпишаа спогодби за раскинување на договорите, беа поради пропуст на прибавените листи за проверки во регистрите за упис во ЕРЗС и во Регистарот на оператори со храна од АХВ. Ваквите спогодби беа нужни како би немале проблеми самите корисници, бидејќи истите имаа поднесено изјави заверени на нотар, под кривична и материјална одговорност, дека податоците во барањата се точни. Со ваквите спогодби ги заштитуваме нив, корисниците, а и членовите на комисијата за избор на корисници.

Малите винарии се успешна приказна која придонесе во уште поголема промоција на македонското вино. Денес како држава бележиме 57,6 милиони евра девизен прилив од извозот на македонско вино, за разлика од 2016 година кога девизниот прилив изнесувал 47,7 милиони евра. 

Лага е дека субвенциите доцнат и дека има неиплатени обврски од изминативе три години. Тоа време заврши кога субвенциите се исплаќаа по списоци и селективно, два дена пред избори. Па така вистината е дека за мерките по кои земјоделците аплицирале на крајот на 2023 година, плаќањето се врши оваа 2024 година и ние тоа го правиме најбрзо. Над 97% од наведената сума од 3.34 милијарди денари, се однесува на тековни барањата за 2023 година, а само 3 % за претходните години и тоа од причини што корисниците имале погрешни сметки, долгови.

Што се однесува пак до браната Конско, оваа капитална инвестиција е започната со изградба во 2018 година и комплетно завршена во 2024 година. Само еден ден, по заокружувањето со изградбата на браната се започна, со постапка за изградба на системот за наводнување Конско. За разлика од Владата во 2015 година, кога приоритет не биле изградба на брани и системи за наводнување, туку брозна и гипс, оваа Влада и министерство парите на граѓаните ги насочува во реализација на проекти од интерес на граѓаните. Градејќи ја комплетно брната Конско и започнувајќи го системот за наводнување Конско, но и системите Лисиче, Пепелиште и Страиште. Најголем проект во водоснабдувањето и по површина и по средства, што опфаќа наводнување на површина од 13.500 хектари, во вредност од 120 милиони евра. 

Во врска со Ревизорскиот извештај за успешност за користење на водите за наводнување, согласно добиениот допис јасно се потврдува дека министерството успешно ги надминало препораките содржани во извештајот. Од вкупно 13 наоди и исто толку препораки, со овој follow up од страна на ДЗР е потврдено, дека министерството за 10 наоди во тек спроведува соодветни мерки, 1 е целосно спроведена, 1 делумно спроведена и 1 неспроведена. Што претставува значителен успех и пример за институционално организирање и постапување.

Дополнителниот заменик министер Трипуновски треба да знае дека земјоделците не сакаат лаги, празни зборови и блокади, туку бараат конкретни мерки и решанија. Ако немате идеи, или проекти за земјдоелците, тогаш немојте да го блокирате и извртувате она, што заедно со земјоделците го градиме како успешни мерки, кои носат резултати. 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
Таг:интервјутомзшвРеакцијасоопштениеТипуновски
Претходен напис Променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец
Следен напис Најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?