Историски ден! За Владата, за државата, за земјоделството, за граѓаните! ![]()
Браната Конско е целосно изградена! Најголемиот водостопански објект изграден во државава последниве 20 години, и најголем капитален проект во последниве 50 години во гевгелискиот регион.
Ако се сака СЕ се може! Еве го доказот, изградена брана вредна над 40 милиони евра финансирани директно од буџетот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.Ништо не не спречи, ни економска ни ковид криза.
Браната Конско подразбира нов вештачка акумулација и нов систем за наводнување со кој се опфатени минимум 6.500 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини од овој регион ќе ги зголемиме за пет пати.
Освен тоа браната добива нова дополнителна вредност, со грант од Кралството Шпанија, овде за прв пат ќе бидат инсталирани пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност.
Планирани се и две мали хидроцентрали, ова е единствениот водостопански објект кој веднаш по завршувањето на браната започнува и со градба на хидросистеми за наводнување.
Честитки до сите, изградивме капитален проект. Браната Конско ќе биде запишана во историските документи, и ќе биде сведок на едно време во кое приоритетите биле државнички, за доброто на граѓаните, и за иднината на сите нови генерации кои ќе ги живеат благодетите на она што ние градиме денес.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство





