Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Февруари екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Февруари екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности
Агропрогноза

УХМР: Февруари екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности

Објавено 05/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец февруари годинава се карактеризира како екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, месечната температура се движела од 2,4 целзиусови степени во Лазарополе до 9,7 во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 3,9 степени над просечната на ниво на држава.

-Највисоката максимална температура беше измерена на 6 февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,9 целзиусови степени. Забележени се високи максимални температури во текот на целиот месец, а и продор на топлотен бран на целата територија на државата исто во текот на речиси целиот месец. Забележени се минимални температури под нулата во првите две декади од месецот, потоа минималните температури се над нулата. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 1 февруари и изнесуваше -11,0 степени, се вели во соопштението од УХМР.

Во февруари годинава месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 6,8 мм во Скопје Зајчев Рид до 33,5 мм во Крива Паланка. Врнежите биле од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 27,3 мм било регистрирано во Крива Паланка на 12-ти во месецот. На Попова Шапка на 11 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 37 см.

Како што наведуваат од УХМР, споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 30 мм или 63 проценти под просечната на ниво на држава.

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:вредностиекстремномногу тополсув месецухмрФевруари
Претходен напис Во Крива Паланка за првпат ќе се одржи „Сусурига” – дефиле под маски 
Следен напис Николовски: До 15 март следи целосна исплата на сите основни субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?