Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грантови за винарии не се доделуваа со привилегии, реагираат од Здружението „Македонски семејни винарии” на изјави од Трипуновски 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грантови за винарии не се доделуваа со привилегии, реагираат од Здружението „Македонски семејни винарии” на изјави од Трипуновски 
Агровести

Грантови за винарии не се доделуваа со привилегии, реагираат од Здружението „Македонски семејни винарии” на изјави од Трипуновски 

Објавено 05/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Грантови за мали семејни винарии не се доделуваа со привилегии од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  реагираат денеска  од Здружението „Македонски семејни винарии”, на вчерашните изјави од дополнителниот  заменик министер Цветан Трипуновски.  

– Грантовите во 2022 и 2023 година  беа јавно објавени на страната на МЗШВ  и сите што аплицираа  и ги исполнуваа условите, добија грант, без оглед на партиската припадност. Грант добија и советник во Општина Кавадарци од ВМРО – ДПМНЕ, кандидат за градоначалник на општината Росоман од ВМРО – ДПМНЕ,  раководител во подрачна единица на МЗШВ Кавадарци во време на ВМРО – ДПМНЕ и сите други наши членови  на здружението,  кои имаа уредна документација. Само едена мала винарија беше одбиена,  затоа што член на комисијата во МЗШВ е во роднинска врска со сопственикот на винаријата, појаснуваат од Здружението, што има 67 членки винарии од целата држава. 

Оттаму нагласуваат дека овој успешен проект кој прераснува во убава приказна за една семејна традиција на производство на вино да прерасне во фамилијарен бизнис, ги натера сите ентузијасти и љубители на вино да отвараат свои винарии и со тоа да ја стават Македонија на туристичката винска мапа на светот. 

– Го покануваме дополнителниот заменик министер Трипуновски  да ги посети сите мали винарии, како што посети пред некој ден наша членка винарија и да ја види вистинската слика на овој успешен проект, велат од „Македонски семејни винарии”.  

Во вчерашното соопштение од прес конференција на Трипуновски, беа искажани критики и сомнеж за работењето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винариигрантовиМакедонски семејни винариипривилегииТрипуновски
Претходен напис Најмногу дожд во Битола 43 литри на квадрат, снег на Попова Шапка и во Крушево
Следен напис Во Крива Паланка за првпат ќе се одржи „Сусурига” – дефиле под маски 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?