Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Кумановско заинтересирани за мерките за поддршка на земјоделското производството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Кумановско заинтересирани за мерките за поддршка на земјоделското производството
Агровести

Земјоделците од Кумановско заинтересирани за мерките за поддршка на земјоделското производството

Објавено 04/03/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Задоволителен е интересот на земјоделците од поширокиот кумановски регион кои се заинтересирани за мерката „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство”, информираа денеска надлежните од  подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. 

Досега, во работната единица подготвени се 12 апликации, некои се уште се во тек на изработка и одговорните очекуваат да се зголеми бројот на поднесени барање до крајниот рок кој истекува за шест дена.

–Интересот на земјоделците е доста голем, се распрашуваат телефонски. Има  критериуми со бодирање  и штом забележиме дека некој го исполнува минимумот, 60 поени, веднаш им препорачуваме да ја соберат потребната документација. Процедурите околу документација за апликација многу се скратени, поедноставени, олеснети, не само за оваа мерка туку за сите мерки за рурален развој и ИПАРД, изјави раководителот на подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Џабир Рамадани.

Јавниот повик е отворен до 10 март, годинава, а барање можат да поднесат земјоделците до 40 години возраст.

-Практиката покажува дека секогаш последните денови се аплицира, вели Рамадани.

На јавниот повик кој што беше објавен на 10 февруари годинава, најголем број од земјоделците кои што аплицирале се пчелари, но интерес има за сите гранки од земјоделството. Финансиската поддршка годинава, е зголемена од 10.000 на 20.000 евра и наменета е за сите земјоделски стопанства, каде што носителот е до 40 – годишна возраст, а сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка во сите земјоделски гранки.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јавен повикмерка 113МЗШВ ПЕ Куманово
Претходен напис Откупот на тутунот од реколтата 2019-та заврши во рамки на законскиот рок и со постигната највисока просечна откупна цена во последните 4 години.
Следен напис Зелената нафта добредојдена кај земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?