Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан?
Агровести

Како до работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан?

Објавено 02/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Северна Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан преку нивниот национален портал за електронкса управа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Од 5 март, преку порталот www.euprava.gov.rs, сите граѓани на Србија ќе можат да го креираат својот матичен број на Отворен Балкан по едноставна процедура, што е предуслов за поднесување барање за слободен пристап до пазарот на  труд во Северна Македонија или Албанија, соопшти Стопанската комора на Србија (ПКС).

Граѓаните на Северна Македонија и Албанија својот ИД број т.е Единствениот број за идентификација на ОБ  го креираат на нивниот национален портал за е-управа.

За да можат граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија, да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски во неколку чекори.

Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.

На корисникот веднаш ќе му биде доделен ИД број на Отворен Балкан, а на неговата е-маил адреса ќе добие и потврда т.е сертификат за доделениот ИД број во форма на електронски документ.

Потоа, заинтересираниот граѓанин може да пристапи до електронскиот административен или управен портал на земјата на дестинација (земјата во која има намера да се вработи) и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот.

Земјата на дестинација по проверка донесува конечна одлука, а најдоцна во рок од 30 дена од датумот на поднесување на барањето.

По добивањето на одобрението, заинтересираниот граѓанин од трите земји на ОБ може да се вработи, под исти услови како и секој локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој рок може да го продолжи одобрението, кое воедно преставува и одобрение за престој и работа.

Прв кој ја доби електронската потврда- Идентификациски број на Отворен Балкан е пртседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, со што може да работи и да живее и во Северна Македонија и Албанија. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:КакоОтворен Балканпазарработна дозвола
Претходен напис Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд
Следен напис Вавада казино онлайн
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?