Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонски дестилерии со 26 златни медали на меѓународен фестивал во Зеница, гранд при за „лозова” на „Дамјанов“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Македонски дестилерии со 26 златни медали на меѓународен фестивал во Зеница, гранд при за „лозова” на „Дамјанов“
Магазин

Македонски дестилерии со 26 златни медали на меѓународен фестивал во Зеница, гранд при за „лозова” на „Дамјанов“

Објавено 24/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонски производители на ракија, од кои повеќето членови на Здружението „Македонски дестилерии”, освоија 26 златни медали на меѓународен фестивал во Зеница. Гранд при за „лозова” освои семејната винарија „Дамјанов” од Кавадарци. 

-Наградите се доделуваат вечерва во Босна и Херцеговина, за нашиот успех сме известени преку е-мајл пораки, откако претходно испративме мостри од нашите производи на овој интернационален натпревар. Станува збор за меѓународен фестивал на јаки алкохолни пијалоци, овошни ракии, насловен „Златни чокањ” или по наше, „златно чоканче”. Оценувањето на мострите го вршеа стручни лица, на чело со претседателот на комисијата, професор Нермина Спахо од Земјоделски факултет во Сараево, информираа за МИА денеска од Здружението. 

Оттаму соопштија дека на натпреварувањето учествувале 350 учесници со 750 мостри на пијалоци од 12 земји. Македонски претставници учествувале со 31 мостра и сите освоиле награди – 26 златни, три сребрени и две бронзени. 

Задоволство од високите оценки на македонското производство изразија и од семејната винарија „Дамјанов”, чии ракии претходно освоија гранд при и на меѓународниот натпревар „Отворен Балкан” во Белград, Србија. 

-Ова е доказ дека сме на вистинскиот пат со почитувањето на традицијата за производство на производи од грозје, презентацијата и промоцијата на македонското производство, подвлече Спиро Дамјанов, нагласувајќи дека се зголемува бројот на семејни винарии и дестилерии и редовно се освојуваат бројни награди за квалитет во земјава и странство. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:26 златни медалиДамјановЗеницалозоваМакедонски дестилериимеѓународен фестивал
Претходен напис ЦУК: Изгаснат пожарот над велешкото село Мелница
Следен напис Времето денес облачно и релативно топло време, со локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?