Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Богоев: Највисоки заслуги во сузбивање на криминалот за Граничната меѓуагенциска единица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Богоев: Највисоки заслуги во сузбивање на криминалот за Граничната меѓуагенциска единица
Агровести

Богоев: Највисоки заслуги во сузбивање на криминалот за Граничната меѓуагенциска единица

Објавено 21/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Највисоки заслуги во делот на сузбивање на шверцот на дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останатите облици на организиран криминал за Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот Аеродром Скопје која беше воспоставена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.

Директорот на Царинска управа Стефан Богоев заедно со заменик директорот Муарем Асани оствари средба со експертот за спроведување на закон од тимот за контрола на стока и патници на граница на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал. На средбата беше заклучено дека достигнувањата на единицата во изминатиот период поставија високи цели за втората фаза од Проектот, со која ќе се реализира поврзување со системите на земјите од Западен Балкан. Во оваа фаза е предвидено и проширување на надлежностите на Единицата во делот на превенција и сузбивање на сите облици на организиран криминал и на меѓународниот аеродром во Охрид.

„Борбата за спречување на нелегалната трговија е наш стратешки приоритет, при што ги преземаме сите мерки за сузбивање на криминалот. Царината заедно со МВР е на првата линија во заедничката борба против трговијата со дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останати облици на организиран криминал“ истакна Богоев.

Експертот на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал ги истакна одличните резултати и достигнувања на Граничната меѓуагенциска единица, од аспект на спроведените активности и интеграција со националните структури, како клучни компоненти за успешност на ваквите единици во земјите од Западен Балкан.

Единицата е формирана во 2022 година, а минатата година истата беше поврзана со Интерпол што овозможи размена на информации и унапредување на анализата на ризик.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:богоевГраничната меѓуагенциска единицазаслугикриминалотсузбивање
Претходен напис ЦУК: Изгаснати 18 пожари на отворено
Следен напис (Фото-Видео) Тракторите си замина од Атина, земјоделците велат дека испратија јасна порака до Владата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?