Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Вино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин
Магазин

Вино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин

Објавено 14/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Православните верници денеска го слават Свети Трифун – заштитникот на лозарите, а католиците Свети Валентин – Денот на вљубените. 

На овој ден лозарите одат на лозјата и ги закројуваат лозите, а во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното. 

Поддршката за прифатливи трошоци по корисник изнесува 2,5 милиони денари, а крајниот рок за доставување на барањата е 30 септември 2021.

Вишиот кустос етнолог Томе Крстевски од Музеј – галеријата Кавадарци појаснува дека културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи, почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците, тоа го сторил Дионис, а според Римјаните, тоа бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви, погача, вино и жито.

– Гроздот е симбол на мудроста, а лозовата пенушка е атрибут на божествата на земјоделието и плодородието и го означува виното на животот, следствено и на бесмртноста. Симбол на жртвопринесување преку врската на виното и крстот. „Свети Трифун“, 14 февруари, на овие простори се слави како заштитник на лозарите и овоштарите, како во Тиквешијата, така и пошироко. Иконописците на многу икони и фрески во нашите цркви и манастири, Свети Трифун го прикажале како младо момче, кое во десната рака држи срп, со кој ги кроел лозјата и ги калемел овошките, појаснува Крстевски.

Тој додава дека во минатото Свети Трифун го славеле и меанџиите.

– Сите лозари се собирале во меаните и денот го завршувале со веселби. Oвој ден e богат со многу прослави и веселби, а со тоа и одбележувањетo на овој светител, закрилник на лозарите и овоштарите од овој крај, појаснува Крстевски.

Помладите генерации го слават Денот на вљубените со подарување на цвеќиња, плишани мечиња, чоколади и подароци со кои ја симболизираат љубовта. бд/бак/

Граѓаните на САД на Денот на вљубените ќе потрошат околу 27,4 милијарди долари, прогнозираат аналитичарите.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:винољубовСвети ВалентинСвети Трифун
Претходен напис Променливо облачно со сончеви периоди, температура до 15 степени
Следен напис Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?