Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Избрани најдобрите производители на вино и ракија во Виница за минатата година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Избрани најдобрите производители на вино и ракија во Виница за минатата година
Магазин

Избрани најдобрите производители на вино и ракија во Виница за минатата година

Објавено 08/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одборот на лозароовоштари од Виница, со поддршка од Локалната самоуправа, ги избра најдобрите производители на вино и ракија од општината за минатата година. Изборот е во рамки на традиционалната Лозароовоштарска вечер што се одржува повеќе од четири децении.

Производителите се натпреваруваа во конкуренција на бело и црвено вино, како и за лозова и сливова ракија, а на дегустацијата што ја изврши стручна жири комисија се оценуваше мирисот, бојата, вкусот и другите карактеристики на пријавените мостри.

-За овогодишниот избор пристигнаа шеесетина мостри во четирите категории и сите беа оценети како висококвалитетни. Првото место за производство на бело вино му припадна на Венцо Нацев, а за црвено вино на Орце Михајлов. Првонаграден за најквалитетна лозова ракија е Виктор Димитров, а во конуренција на сливова ракија за најквалитена е оценета мострата на Драги Иванов. Признанијата ќе им бидат доделени на традиционалната вечер што ќе се одржи в сабота, а како награди ќе добијат и буриња за чување на вино и ракија, истакна Кире Андреев, член на Одборот на лозароовоштари од Виница.

Организирањето на изборот на најдобри производители на вино и ракија е дел од општинските манифестации со кои се одбележува името на Виница, а целта е да се даде поддршка на семејното производство и на локалните винарии чиј број бележи подем.

Лозароовоштарска вечер во Виница ќе се одржи в сабота под покровителство на Локалната самоуправа, а со поддршка од бизнис секторот од регионот. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Таг:ВиницавиноИзбранинајдобритепроизводителиракија
Претходен напис Николовски: Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година
Следен напис Албанските земјоделци најавија протести и блокирање патишта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?