Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани ги чисти каналите за наводнување пред новата сеидбена сезона на оризот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани ги чисти каналите за наводнување пред новата сеидбена сезона на оризот
Агровести

Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани ги чисти каналите за наводнување пред новата сеидбена сезона на оризот

Објавено 07/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градежна механизација и работници ангажираше водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани за ископ и чистење на каналите за наводнување на оризовите површини пред почетокот на новата сеидбена сезона.

Машинското отстранување на наносите од земја и на израснатата вегетација почна на десниот магистрален канал, на делницата меѓу селата Истибања и Оризари, во должина од десетина километри. Истовремено, рачно се чистат и десетина километри помошни канали и земјени вади што ја носат водата до земјоделските површини во регионот.

– Поволните временски услови во овој период ни овозоможуваат чистењето и оспособувањето на каналската мрежа да се реализира според планираната динамика и покрај пречките што ги имавме поради дефекти на механизацијата. Паралелно со отстранувањето на отпадот во десниот магистрален канал, се работи на поправка и бетонирање на паднати и оштетени кампади, а ќе следи и обновување и зајакнување на речните брегови за да се спречат евентуалните излевања и пролетни поплави. Според планот за активности за оваа сезона, треба да се исчистат околу 300 километри канали и земјени вади на подрачјето што го покрива нашата подружница, истакна Благојчо Богатинов, раководител на ВП „Брегалница“ – Кочани.

По завршувањето на активностите на десниот магистрален канал кај Оризари, чистењето ќе продолжи кон селата Спанчево и Соколарци, каде исто така ќе се работи на оспособување на наводнителните канали.

Годишниот план за наводнување на оризовите полиња во Кочанско сè уште се подготвува и ќе зависи од количините што ќе се акумулираат во хидросистемот Брегалница. Во моментот во браната Калиманци има околу 73 милиони кубни метри вода, а до почетокот на сезоната за наводнување има повеќе од два месеца. Поради тоа, се очекува нејзиниот капацитет да се исполни со уште една третина и да се обезбедат потребните количини вода за над 4.000 хектари под ориз.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БрегалницаВодостопанската подружницаканалитеКочанинаводнувањеоризотсеидбена
Претходен напис Земјоделците ги блокираа автопатиштата во Шпанија
Следен напис Николовски од Прилеп по средбата со откупувачите на тутун: Тутунарите утре добиваат анаекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?