Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Во изминатото деноноќие 19 пожари на нискостеблеста шума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Во изминатото деноноќие 19 пожари на нискостеблеста шума
Агровести

ЦУК: Во изминатото деноноќие 19 пожари на нискостеблеста шума

Објавено 05/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало најмалку 19 евидентирани „зимски“ пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта  и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Биле ангажирани пожарникарите во одредени региони за гаснење и по пет пожари на отворено. Биле ангажирани пожарникари и тимови од: Скопје (5 пожари), Прилеп, Крушево, Струмица (4 пожари), Радовиш (2 пожара), Гевгелија, Охрид, Кичево, ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, Неготино (2 пожара), Виница, Кочани, Куманово, Старо Нагоричане (5 пожари), Ранковце и од Национален Парк „Шар Планина“.

Инаку, последниот пожар на отворено бил синоќа  во 20:15 часот помеѓу селата Урвич и Ново село, Општина Боговиње на околу 400 метри над патот. Горела смрека, сува трева и ниски растенија на карпест предел и нема опасност од проширување кон висока квалитетна шума, според одговорните лица на Национален Парк „Шар Планина“, коишто биле на местото на пожарот и самите за релативно кратко време успеале да го локализираат пожарот. Во 21:40 часот, а била зафатена површина од 2 до 3 хектари со смрека, гранки, ниска вегетација во карпест предел, при што немало опасност да се зафати со оган квалитетна шума, информираат од ЦУК.

МИА

Може да ви се допадне

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Таг:19 пожариденоноќиецук
Претходен напис Промена на режимот на сообраќај заради замена на осветлување во тунелот „Стража“ кај Катланово
Следен напис JП Агро- Берза потпиша меморандум за соработка со Бирото за метрологија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?