Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Нема да има застој во исплатата на субенциите, во следниот период исплата по неколку мерки…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Нема да има застој во исплатата на субенциите, во следниот период исплата по неколку мерки…
АгровестиСубвенции

Бачовски: Нема да има застој во исплатата на субенциите, во следниот период исплата по неколку мерки…

Објавено 27/01/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Нема да има застој, ниту ќе се служиме со уцени, целокупната поддршка које е предвидена преку програмите кои ги имплементира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе дојде до земјоделците, тогаш кога е најпотребно – изјави за Агротим, директорот на Агенцијата – Никица Бачовски.

Ова е одговор на дилемата на земјоделските производители со оглед на политичките случувања и очекуваните претседателски избори. Директорот Бачовски најави и исплата на субвенции по неколку мерки.

„Во мај 2017 година Уставниот суд донесе одлука со која ги укина тогашните одредби од изборниот законик со кој беше забранета исплатата на субвенциите во земјоделството во предизвборниот период па се до формирање на Влада. Од тогаш поминаа многу изборни процеси меѓу кои и парламентарни избори и земјоделците знаат дека изборите не предизвикаа никаков застој во работата на Агенцијата, особено во исплатата на субвенциите и доделувањето на поддршката од програмата за Рурален развој и ИПАРД програмата“ – изјави Бачовски и додаде дека ваквата одлука е логична бидејќи земјоделското производство и трошоците поврзани околу него бараат што понавремена државна поддршка.

-Мислам дека ниту еден политички субјект или чинител нема да си дозволи да ја кочи работата на Агенцијата која веќе одамна не е инструмент за предизборен поткуп и уцени туку институција која е позната по професионалноста, транспарентноста и успесите кои се препознаени во регионот и пошироко. По последните исплати за основните субвенции за растително производство, може да се очекува исплата на основните субвенции за сточарско производство, дополнителни субвенции за индивидуалните земјоделци, за органските производители, дополнителните 3 денари за предадено јаболко во периодот 2022 – 2023 како и сите дополнителни директни плаќања од растителното и сточарското производство кои се поврзани со остварено производство – Изјави за Агротим, Бачовски и им порача на земјоделците да не се грижат дека да има застој на исплатата на субвенциите

-Нема да има застој, ниту ќе се служиме со уцени, целокупната поддршка које е предвидена преку програмите кои ги имплементира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделтвото и руралниот развој ќе дојде до земјоделците, тогаш кога е најпотребно – потенција Бачовски.

Може да ви се допадне

Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Турција со историски рекорд во земјоделството
Турција воведува квота за увоз на сончоглед и сончогледово масло
Шпанија издвојува 665 милиони евра помош за ѓубриво за земјоделците и подготвува план за производство
Во Пробиштип почнува пријавувањето на штетите од пожарот, изгорени над 250 хектари
Таг:БачовскиизбориНикицасубвенции
Претходен напис До 15-ти Февруари активен е јавниот повик за субвенционирање на трошоци за амбалажа за извезен ориз со потекло од Северна Македонија
Следен напис Бачовски: Следува исплата на субвенции за сточарското производство, три денари за јаболка, за органските производители…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?