Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Државен инспекторат за земјоделство: Бавно тече откупот на тутунот, потребни се законски измени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Државен инспекторат за земјоделство: Бавно тече откупот на тутунот, потребни се законски измени
Агровести

Државен инспекторат за земјоделство: Бавно тече откупот на тутунот, потребни се законски измени

Објавено 20/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од почетокот на откупната кампања се преземени над 6 000 тони тутун по цена од 330 денари за килограм. Тоа е малку и откупот се одвива бавно, констатираат од Државниот инспекторат за земјоделство.

-Досега се откупени преку 6 000 тони тутун.  Нема пријавено некои неправилности. Има некакви дојави, но немаме официјална пријава. Но, на теренот сѐ ќе провериме. Откупот се одвива со бавно темпо, но ќе видиме. Сакам да ги повикам откупните компании да го следат примерот на Владата  која најави зголемување на субвенциите за над 25 отсто, така што да го направат тој чекор поскоро и да заврши оваа голгота на тутунопроизводителите и да почнат што поскоро да се подготвуваат за новата, годинашнава реколта тутун, вели Јане Станкоски, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Годинашната реколта се проценува од 13.000 до 15.000 тони што е речиси половина од претходните години.

Станкоски смета дека се неопходни измени во Законот за тутун за регулирање на производството и преработката, како и за правата на тутунарите. 

– Законот е стар неколку години, сега има нови моменти во производството и во преработката, време е да се преговара за нови правила во процесот. Тутунопроизводството е многу значајна и индустриска и гранка во земјоделското производство. Затоа мислам дека од компаниите треба да има посериозен пристап. Има одредби во законот кои се покажаа проблематични, како во класите на тутун, така и во договарањето на цените, заштитата на тутунарите, нивните права. Сето тоа бара поширока дебата на заинтересираните страни, смета Станкоски.

Бавниот процес на откупот на тутунот е најизразен во Прилепскиот регион, кој е и најголем производствен на тутун. Законскиот рок за откуп е до крајот на февруари.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бавнодржавен инспекторатземјоделствооткупоттутунот
Претходен напис Суво и многу студено време со минусни температури до среда
Следен напис Приведен дрвокрадец во скопско, следува соодветна пријава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?