Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ институција со највисоко ниво на транспарентност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ институција со највисоко ниво на транспарентност
Агровести

МЗШВ институција со највисоко ниво на транспарентност

Објавено 20/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е најтраспарентна државна институција според Извештајот за извршена проверка на објавените документи и информации кои имателите на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Според резултатите од мониторингот, на врвот на листата за проактивно транспарентни институции, со 100% проактивна транспарентност, е Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. На листата потоа следуваат и Министерството за одбрана, а по нив Министерството за финасии и Царинската управа.

Како позитивен дел во извештајот се истакнува дека веб страната на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство има лесен и пристапен начин на достапност, на информациите од јавен карактер, од интерес на барателите.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство втора година, по ред, покажува најдобра проактивна транспарентност во однос на членот 10 од Законот за СПИЈК, заедно со Министерството за одбрана, институции кои имаат континуитет во својата транспрентност и отвореност кон барателите на информации.

Проактивната транспарентност подразбира навремено објавување на информациите од јавен карактер од страна на институциите, кои тоа го прават по сопствена иницијатива, пред од нив да бидат побарани по усмен, писмен или електронски пат, преку јасни, транспарентни и лесно достапни веб-страници кои ги содржат сите информации од значење за граѓаните.

Проактивното објавување на информации од јавен карaктер претставува законска обврска на сите иматели, самоиницијативно и континуирано на своите веб локации да ги објавуваат информациите за својата работа и делување, за носење одлуки, финансиите и за услугите кои ги даваат на граѓаните

Целта на мониторингот е да се детектираат состојбите во спроведувањето на обврската на имателите на информации од јавен карактер за проактивно објавување на 22-те категории на информации на нивните веб-страници.

Оваа оценка за министерството е уште една потврда за отворениот и траспарентен процес на работа, редовно и навремено информирање на граѓаните за мерките и политиките на министерството, како и директното вклучување на земјоделците при креирањето на мерките за поддршка на секој еден земјоделец.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделецмзштранспарентност
Претходен напис Нова техника за борба против маларијата во Африка
Следен напис Николовски: Ја носиме Европа дома,  за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?