Во Земјоделското училиште Кавадарци денеска беа доделени награди за најдобри млади вина произведени од средношколци идни енолози. Присутните гости имаа можност и да дегустираат од вината произведени од идните енолози, кои овде се стекнуваат со теоретски и стручни знаења.
– Настанот е во рамките на одбележувањето на периодот на младо вино, кога се гледа потенцијалот на вината произведени од годинешнава реколта. Стручните лица што го вршеа оценувањето на мострите, истакнаа дека има вина со голем потенцијал. Ова е традиционален настан, поврзан со една од науките и дејностите што ги изучува и применува нашето училиште, рекоа од Земјоделско шумарското училиште ,,Ѓорче Петров”, што постои 67 години.
Мотото на училиштето е @Денеска ученик, утре стручњак”.
МИА
