Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан
Агровести

Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан

Објавено 12/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните за Европа – WOAH, денеска и утре, во Тирана Република Албанија, учествува на петтиот состанок на Форумот за комуникација и соработка на директорите од Западен Балкан на проектот “Развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан” и на третиот состанок на Управниот комитет на Проектот. На дводневниот настан во Тирана, учествуваат претставници на Генералниот Директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), претставници од делегациите на Европската унија (ЕУ) во земјите од Западен Балкан како и високи претставници од ветеринарните служби на Република Албанија, како земја домаќин, од Република Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, од Грција и од Унгарија. 

-На состанокот разгледана ќе биде актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите во ЕУ, превентивните и мерки кои се спроведуваат за нејзино ставање под контрола и искоренување, активностите и плановите на WOAH за контрола на оваа и  другите приоритетни  болести  како што се птичјиот грип, беснилото и други,  механизмите  на  Глобалната рамка за прогресивна контрола на меѓуграничните болести кај животните (GF TAD’s), а дефинирани ќе бидат и планираните активности на ова поле за идната година. Унапредувањето на регионалната соработка и интензивирањето на комуникацијата, на регионално ниво и пошироко, со цел ставање под контрола и искоренување на болестите кај животните останува приоритет за нас како институција и за државата во целина, бидејќи тие не познаваат граници, а некои од нив можат да бидат и се исклучително опасни и за луѓето – вели Бабовски. 

Во однос на актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите ќе се разменат информации за предизвиците и контролата на болеста во земјите од регионот со акцент на појавата на болеста во близина на границите, користењето на националните бази на податоци за идентификација и регистрација и следливост и влијание врз контролата на болеста, убивање на животните и отстранување на труповите, превентивното колење како дополнителна контролна мерка и други сродни теми. 

-На првата сесија на Форумот, покрај прашањата за состојбата со надзорот на болестите во Западен Балкан од А листата (кои задолжително се пријавуваат) и презентирање на состојбата со нив во периодот јуни – ноември годинава, презентирани ќе бидат и националните приоритети од областа на здравствената заштита на животните. На втората сесија, учесниците на Форумот ќе дискутираат за стратегијата за контрола и намалување на дивата популација за обезбедување на оптимална координација на националните ресурси во справување со болеста, како и за воспоставување на поактивна прекугранична соработка – заклучува Бабовски. 

МИА

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:бабовскиветеринарните службиЗападен Балканпеттиот состанокФорумот на директори
Претходен напис До петок променливо време со повремен дожд, за викендот снег и заладување
Следен напис МЗШВ: Потсетување до земјоделците дека до 15 декември е крајниот рок на аплицирање за финансиската поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?