Google ги објави најпопуларните пребарувања за оваа година, па меѓу другото, откривме што најмногу сакале да јадат луѓето ширум планетата во 2023 година.
Ова се најпребаруваните рецепти за 2023 година:
10.Мечкини шпагети (The Bear spaghetti)
9. Сендвичот на Бела Хадид
8. Сендвич Грајндер
7.Салатата на Џенифер Анистон
6.Салата Зелена божица
5.Пита со манго
4.Брзи палачинки
3.Пилешко „Омажи се за мене“
2.Чили Синсинати
1.Суго
Што е суго?
Иако суго звучи како сложено јадење кое потекнува од јапонската кујна, тоа всушност е најчестиот и наједноставниот италијански сос кој се јаде со тестенини или ќофтиња.
Обично се мисли на Суго ди Помодоро, кој е автентичен италијански сос од домати, а неговата подготовка е брза и лесна.
Рецепт за суго
Состојки:
•2 лажици екстра девствено маслиново масло
•1 главица кромид
•4 чешниња лук
•420 мл пасирани домати
•¼ шолја свеж босилек
•сол по вкус
Подготовка
Загрејте го маслото на тивок оган, а потоа додадете ситно сечкан кромид и лук. Пржете додека не стане меко и стаклено, околу пет минути, а потоа додадете ги доматите, босилекот и солта.
Покријте и динстајте на средна температура, повремено мешајќи додека сосот од домати не се згусне, околу 20 минути.
Пред сервирање, отстранете го лукот.
