Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рузмарин – за подобар имунитет!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Рузмарин – за подобар имунитет!
Магазин

Рузмарин – за подобар имунитет!

Објавено 09/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатиот период се покажа дека Корона вирусот најчесто ги напаѓа луѓето со намален имунитет. Стресот е еден од главните причини за намалување на нашиот имунитет.

Рузмаринот е растение кое може и тоа како да го зајакнеме имунитетеот. Кога ќе се спомне рузмарин многумина ги асоцира на летување на море  или на свадба, бидејќи некогаш било обичај на сватовите да им се става рузмарин на реверот.

Ова растение, најмногу го има во медитеранските краеви но може да се одгледува и кај нас. Има форма на грмушка чии листови се како иглички додека цветовите се со светло сина боја. Протријте ги листовите и ќе почувствувате интензивен мирис додека вкусот на лисјата е горчлив и тежок. Често се користи во кулинарството, како зачин за месо или зеленчук.

Како да засадите рузмарин?

Семето од рузмарин потешко никнува. После долго време можете да очекувате мали растенија во градината. Многу полесно е да го размножете со резници. Отсечете на 8 см должина од младите гранки во доцна пролет. Резницата ставете ја во компост кој претходно сте го ставиле во саксија. Саксијата ставете ја во плитка чинија со вода и компостот ќе биде постојано влажен и ќе овозможи резницата да пушти корења.

Покријте ја резницата рузмарин со пластично шише пресечено на половина кое мора да биде проѕирно. Оставете го така околу два месеци , а потоа пресдете го на место каде што има сонце и ќе можете да уживате неговиот прекрасен мирис цело лето. Рузмаринот бара земја која има добра дренажа. Поднесува мраз, но подобро е во текот на зимата да се смести покрај некој јужен ѕид за да го грее зимското сонце.

Кога садите рузмарин внимателно одберете место за садење бидејќи тој е повеќегодишно растение и не треба да го преместувате. 

Кога ќе се разлиста можете да ги берете лисјата (не претерувајте бидејќи тие вршат фотоситеза и го хранат ратсението). Рузмаринот се суши на студено место и кога ќе се исуши може да се чува во лименки. Сувите гранчиња кои кога ќе се запалат даваат приајтен мирис и најчесто се користат како стапчиња за ражничи. Не е случајно што рузмаринот се додава свинското месо бидејќи помага при варење на мастите.

Извор: Agropress

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:имунитетподобаррузмарин
Претходен напис Облачно во поголемиот дел од земјава, на истокот сончево
Следен напис (ВИДЕО) РЕЦЕПТ: Печено прасечко во рерна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?