Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трибина за тутунот во Прилеп: Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трибина за тутунот во Прилеп: Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра
Агровести

Трибина за тутунот во Прилеп: Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра

Објавено 02/12/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунот мора да се откупувапо 10, а не по 5 евра за килограм како што нудат откупувачите. Рапидно се зголемени трошоците, намалено е производство, иако е квалитетно, но мора да се постигне исплатливоста. И за тутунарите, и за откупувачите и за државата, беше констатирано на трибината во Прилеп за тутунопроизводството што ја организираше Националната земјоделска мрежа. Трибината на повеќе тутунарски здруженија од земјава се одржа во прилепската градска библиотека „Борка Талески“.

– Целта на оваа трибина беше да се собереме, да ја разгледаме актуелната ситуација со откупот на тутунот и да утврдиме заеднички став што понатаму. како национална земјоделска мрежа имаме став дека годинава тутунот мора да се плати барем 10 евра за килограм зашто имаме рапидно зголемени трошоци, намалено производство, а квалитетот е зголемен двојно и тројно, така што не може да се согласиме да го поредадеме тутунот по 5 евра за килограм. Тоа економски не е издржливо. Баравме да се сретнеме со нашите колеги тутуноипроизводители за да изградиме заеднички став. Мислам дека се усогласивме околу тоа и како заклучок од оваа трибина е дека бараната цена е оправдана и дека сите стоиме цврсто на барањето за таа цена од 10 евра за килограм тутун. За да се реализира тоа, ние ќе бараме од ресорот на Министерстото за земјоделство едно медијаторство за да се сретнеме со откупните фирми за да го пренесеме нашиот став дека ние не работиме тутун за пет евра или за 300 денари и дека нашата цена економска е 10 евра и дека нема да отстапиме од тоа до крај, изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната емјоделска мрежа.

Откупните фирми ја користат својата монополска позиција што им ја овозможува Законот за тутун бидејќи ги става во фаворизирана, а тутунарите ги става во подредена состојба.

-Ние како тутунари сме ставенио во незавидна ситуациоја. Ние нашиот став ќе го браниме до крај. Значи, тутун за 5 евра веќе не може да се произведува. Ако сакаат тутун да се произведува во македонија, нашата цена е 10 евра за килограм. Доколку не се прифати, ние не може да повикуваме на бојкот, но ќе им укажеме на производителите да се воздржат од предавањето на тутунот, барем во законската рамка, до крајниот рок до 15 декември. Всушност сето зависи како ќе течат разговорите. Мора да се најде заедничко прифатливо решение со откупните фирми, па да обезбедиме егзистенција и за наредната година, а и континуитет на производството, смета Каракашев.

На откупните фирми не им е од интерес да ги игнорираат тутунарите кои не сакаат тутунот да го предаваат по тие цени.

-Доколку нема слух кај откупувачите да ја зголемат откупната цена на тутунот предлог е владата да го задолжи прилепскиот тутунски комбинат да изврши интервентен откуп за да ги принудиме приватните откупувачи да ги подигнат цените, рече Васко Јосифовски од тутунско здружение „Тутунска надеж“ од  Прилеп. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:10Откупната ценаПрилептрибинатутунот
Претходен напис Бабовски: ЕК оцени дека Поглавјето 12 има постигнато високо ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ
Следен напис Сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?