Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунарите бараат зголемување на откупните цени на тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунарите бараат зголемување на откупните цени на тутунот
Агровести

Тутунарите бараат зголемување на откупните цени на тутунот

Објавено 29/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Незадоволни сме и револтирани зашто откупувачите не сакаат да го слушнат нашето барање и немаат слух за покачување на откупните цени на тутунот, рекоа на денешната прес-конференција во Прилеп од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Тие денеска имаа состанок со откупувачите во Министерството за земјоделство во Скопје.

-Цела недела комунициравме со откупувачите на кои им ги доставивме нашите барања за зголемување на откупните цени на тутунот по класи. Денеска имавме средба во Министерството за земјоделство. Откупувачите воопшто немаат слух за зголемување на цените и одбиваат без никакво образложение. Прво не викаат на преговори, а од преговорите не излезе ништо и ние како Сојуз ја напуштивме седницата, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. 

Но, додаде, остануваме на ставот дека мора да се зголемат цените. 

-Нашето барање го темелиме на фактот дека имама 20 отсто инфлација и зголемени трошоци на живот и на производство. Ни треба реално проценување за да преживееме и да може да ја планираме наредната реколта, но сето тоа е доведено во прашање. Нема законска можност да ги спречиме да откупуваат, но ќе бараме и ќе ги користиме сите алтернативни можности. Пред 15 ноември, пред да течат роковите за откуп, рековме дека нема да пуштиме повереници на вагите, но не може да ги спречиме и оставено е на нивна лична проценка,рече Стомнароски.

Тутунарите бараат зголемување од минимум 20 отсто. Последните откупни цени кои не сакаат фирмите да ги зголемат се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа тутун.

Менде Мицаноски, член на Сојузот и тутунопроизводител смета дека ваквата ситуација ја уништува оваа производствена гранка, а родот годинава е преполовен.

-Тутунот е преполовен во споредба со лани. Климатските промени си го направија своето. Оваа ситуација е многу тешка и речиси погубна за производството. Младите не сакаат да го работат поради неисплатливоста, рече Мицаноски.

Според тутунопроизводителите, годинашниов род е околу 13.000 тони тутун, што е околу половина помалку од лани. Тутун ќе откупуваат 10 фирми, а законскиот краен рок за почеток на откупот е 15 декември. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:менде стомнароскинајновосубвенциитутун
Претходен напис Овоштари, инвестирајте во системи за заштита од мразеви преку ИПАРД – Повик за Мерка 1 ќе има следната година
Следен напис Николовски: Очекувам повторно рекордна откупна цена и до 400 денари за килограм тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?