Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Владата го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Владата го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура
Агровести

МЗШВ: Владата го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура

Објавено 28/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница, како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура.

Со предлог законот за рибарство и аквакултура, се уредуваат риболовните води и  риболовот, управувањето и користењето на рибите и другите водни организми, аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, надлежните тела, заштитата на рибите и другите водни организми, надоместок на штета и право на отштета, порибување и производство на порибителен материјал, како и други прашања, кои се од значење во областа на рибарството и аквакултурата.

Новиот предлог закон за рибарство и аквакултура се усогласува со законодавството на Европската Унија, во делот на заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, следливоста, како и увозот на производите од рибарство.

Како предности од донесувањето на новиот предлог закон за рибарство и аквакултура е поедноставувањето во доделувањето на користење на рибите за комерцијален и рекреативен риболов. Потоа, исто така, се поедноставува постапката на регистрација за аквакултура, на мрестилишта, се врши изземање на одредби, кои се уредени, или ќе се уредат во други закони, како и се врши усогласување на дел од регулативите на Европската Унија за Поглавје 13-Рибарство, што според географската поставеност на државата треба да ги исполни Северна Македонија.

Се очекува новиот предлог на закон да даде подобрување на правната рамка преку појасни, попрецизни и поедноставни одредби поврзани со доделувањето на користење на рибите и другите водни организми, одгледувањето на рибите и пласирањето на производи од рибарство и аквакултура на пазар.

Токму преку последниот европски извештај за напредокот во преговорите на нашата држава, поглавјето 13 – Рибарство и аквакултура се оценува со добра оценка, каде е нотиран постигнат напредок во услогласување со стандардите на Унијата, а токму подготовката и донесувањето на овој предлог закон е едно од нотираните напредувања.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Стабилна состојбата со откриениот случај на свинска чума кај индивидуално одгледувалиште во делчевското село Град 
Следен напис Николовски: Даваме рекордна поддршка за малите производители на храна вредна 1,2 милиони евра, поддржувајќи го развојот на 133 мали производители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?