Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми
Магазин

Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми

Објавено 27/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12, којшто е потребен за нормално секојдневно функционирање.

Витаминот Б12 учествува во многу процеси во телото, вклучувајќи ја и синтезата на ДНК, создавањето црвени крвни зрнца и на изолационата обвивка што им овозможува на сигналите да минуваат низ нервниот систем. Можен недостиг од тоа, на пр., се знае дека може да предизвика анемија, потоа – замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност… Но, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и умствени проблеми.

Според напис објавен во „Британскиот медицински журнал“ (Би-ем-џи), има барем пет проблематични когнитивни состојби забележани кај 85 отсто од пациентите со недостаток на Б12. Тоа се: проблеми со помнењето, когнитивни тешкотии, афазија, проблеми со учењето и главоболки (мигрена).

„Анемијата е присутна кај помалку од 20 отсто од луѓето со недостаток на витамин Б12. Невролошките проблеми, пак, што се многу почести, може да траат со месеци, па дури и години, додека целосно да се решат“, се наведува во написот.

За луѓе кои немаат поголем недостиг на витамин Б12 и невролошки симптоми, витаминот може да се прима орално во доза од 1.000 до 2.000 микрограми одеднаш / на ден. Витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло. Количината витамини во намирниците зависи од видот храна и земјата на производство. Во повеќето случаи, состојбата може да се подобри кога ќе се збогати исхраната со месо, риба, сирење, путер, јајца, хранлив квасец и друга храна што содржи витамин Б12. Меѓутоа, ако недостигот е потежок, можеби пациентот ќе треба да зема дневни додатоци и инјекции. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:витамин Б12когнитивни проблемиНедостиготпредизвика
Претходен напис Абдиу-Халили од Брисел: Поглавјето 12 важно за здравјето на нашите граѓани, нема ништо поважно од здрава и безбедна храна
Следен напис Бабовски од Брисел: АХВ е носител на поглавјето 12, усогласувањето со законодавството на ЕУ е клучно за бизнис заедницата и граѓаните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?