Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Есенската сеидба во Дебарско реализирана околу 60 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Есенската сеидба во Дебарско реализирана околу 60 отсто
Агровести

Есенската сеидба во Дебарско реализирана околу 60 отсто

Објавено 21/11/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со есенски култури годинава на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, планирано е да бидат опфатени 197 хектари а досега реализирани се околу 60 отсто од планираните есенски сеидбени работи.

Според Арбен Муладаути, раководител на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство планираните површини се речиси на исто ниво како и минатата есен.

-Од вкупно планираните површини, 194 хектари ќе се засеат со житните култури, од кои 90 со пченица, исто толку со јачмен, 5 со ’рж, додека останатите со хектари со други житни култури. Што се однесува до индустриските култури, на 3 хектари ќе биде застапена маслодајната репка, вели Муладаути.

Додава дека планирано е, најголем процент, 187 хектари, да бидат засеани од индивидуалните земјоделци, додека 10 од земјоделски претпријатија.

– Досега есенската сеидба е реализирана со 60 отсто. Очекуваме истата да заврши пред оптималниот рок, кој е до средината на декември, во зависност од временските услови, посочува тој.

Земјоделците располагаат со сета потребна механизација, квалитетен семенски материјал и ѓубрива.

МИА

Може да ви се допадне

Поради поврзување на нова водоводна мрежа, без вода делови од Центар
УЈП ќе презентира податоци за доходот на граѓаните во 2025 година
Марјан Митев од „Френки“ инвестира, Орце Црнгаров и други земјоделци произведуваат, пласманот обезбеден, цената договорена
Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
Таг:60 отстоДебарскоЕсенската сеидбареализирана
Претходен напис ЦУК: Вчера имало четири пожари на отворено
Следен напис Облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?