Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Реализирана е исплатата за продадена или складирана ПЧЕНИЦА
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Реализирана е исплатата за продадена или складирана ПЧЕНИЦА
Агровести

Бачовски: Реализирана е исплатата за продадена или складирана ПЧЕНИЦА

Објавено 15/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за мерката за финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за мерка 1.1 од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година и кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач во период од 15 јуни до 31 август 2023 година, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Максималната количина на пченица која е прифатлива за финансиска поддршка е 5000 килограми по пријавен хектар.

Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм, а со истата се стекнаа 3397 земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС за кои се одвоени 2️⃣1️⃣1️⃣.6️⃣ милиони денари.

Оваа мерка беше усвоена од Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откако низ разговорите со производителите и откупувачите беше утврдено дека откупната цена на пченицата не ги покрива трошоците за нејзиното производство.

На тој начин произлезе потреба од креирање на мерка со која државата финансиски ќе ги поддржи производителите кои ја продале производената пченица, но и оние кои одлучиле да го складираат своето производство.

Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на АФПЗРР.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:меркаНикица Бачовскипченицасубвенции
Претходен напис Инвестирајте во откупен центар, набавете опрема или нова технологија за вашиот бизнис со грант од 1. 500 000 евра од ИПАРД
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност, викендот заладување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?