Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бисквити од Србија вратени од хрватската граница поради штетна состојка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Бисквити од Србија вратени од хрватската граница поради штетна состојка
Агровест

Бисквити од Србија вратени од хрватската граница поради штетна состојка

Објавено 09/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 По многубројните враќања на српска стока со пестициди од границите на соседните земји, на почетокот на месецов, поради присуство на адитиви на титаниум диоксид, вратена е и пратка бисквити од Србија, наменети за хрватскиот пазар, јави дописникот на МИА од Белград.

– Во бисквитот од Србија е пронајдена штетна состојка, предупреди Европскиот систем за брзо предупредување во користењето храна (RASFF), па пратката е вратена од хрватската граница во Србија.

Титаниум диоксидот (адитив Е171) е забранет во ЕУ од август минатата година, но не и во Србија, при што од ЕК наведуваат дека постојат основани сомневања дека овој додаток предизвикува генотоксичност. Ова значи дека постои потенцијална способност на хемикалијата да ја оштети ДНК, генетскиот материјал на клетките.

Оваа состојка се користи како боја во производите за широка намена, додатоци за колачи и торти, бонбони, пасти за заби, креми за сонце и други козметички производи.

Со години се сомнева дека титаниум диоксид може да предизвика и рак. Во 2017 година, француските научници докажаа дека редовното внесување на адитивот Е171 кај стаорци доведува до слабеење на имунолошкиот систем и воспаление на цревата.

Дејан Гавриловиќ од здружението на потрошувачи „Ефектива“ изјави за „Данас“ дека бисквитите не се единствениот пример кога српската роба не ги исполнувала критериумите на ЕУ, и дека во текот на летото биле вратени неколку пратки, особено поради преголемото количество пестициди. Бисквитот, рече тој, е уште еден показател за несоодветна контрола на храната во Србија.

-Не можеме да бидеме сигурни дали вратената пратка е дистрибуирана на српскиот пазар, бидејќи критериумите на Србија не се исти како во ЕУ, и затоа, сомнителната стока за Европа, според властите, не мора да биде сомнителна за нашата земја, рече Гавриловиќ.

Тој додаде дека надлежните за проблематичните чипсови вратени од Хрватска, рекле дека вратената пратка е уништена, но ништо не се проверува и не би било изненадување доколку биде пуштена во оптег, бидејќи е исправна според домашните стандарди. 

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Пестицидите во Србија наскоро ќе бидат достапни само со рецепт!
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:БисквитиСрбијахрватската границаштетна состојка
Претходен напис До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и снег на планините
Следен напис Температурите во последните 12 месеци се повисоки од изминатите 125.000 години, според истражување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?