Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна Петтиот пчеларски саем во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Започна Петтиот пчеларски саем во Скопје
Магазин

Започна Петтиот пчеларски саем во Скопје

Објавено 03/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мед и пчелни производи се изложени на Петтиот пчеларски саем кој започна денеска, а ќе трае до 5 ноември (недела) на плоштадот Македонија. Саемот се одржува петта година по ред, а негов главен покровител е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, домаќин е Град Скопје, а организатор е Пчеларската федерација на Македонија.

Целта на саемот е да се користи природен мед, а, како што истакнаа пчеларите, посетителите да си одберат свој пчелар (како матичен доктор) за купување на медови и пчелни производи.

На саемот посетителите имаат можност да се запознаат со пчелари од сите краеви на државата, со нивните медови и пчелни производи, како и да дегустираат од понудените производи.

Претседателот на здружението „Пчела“ од Велес, Благојче Најдовски, за МИА изјави дека ваквите манифестации треба да се поддржуваат затоа што на нив се презентираат македонски производи.

 – Ние како пчелари правиме од ништо нешто, затоа што за разлика од другите земјоделци кои имаат земјоделски површини, пчелите може да ги ставиш во шума, значи нема потреба да имаш земјоделско земјиште, а да произведуваш благодет. Пчелата е дар од господа. Сите нејзини производи се прекрасни и многу здрави, и на овој начин се промовира и домашното и здравата храна затоа што во време на висока цена на храна, едноставно имате производи коишто се многу здрави по достапни цени, рече Најдовски.

Тој истакна дека целта на пчеларите е да понудат високо квалитетна домашно произведена храна по достапни цени.

 – Нашиот пристап е многу едноставен, од една страна медот каде што фактички станува нешто што е совршенство од храна, затоа што Македонија има многу интересна клима планинско медитеранско континентална каде што има избоилство на растенија, ние имаме исклучително ароматичен мед којшто е еден од највисоките квалитети на ниво на свет, заради климата што ја имаме. Меѓутоа ние се обидуваме заедно со други производи да го направиме уште повреде, нагласи Најдовски.

Пчеларите до недела на плоштадот Македонија покрај медот, ќе ги презентираат и нивните слатки и здрави изуми подготвени од мед. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Таг:Петтиотпчеларски саемСкопје
Претходен напис Доделени 13 грантови за помош на локалните заедници во националните паркови Шар Планина и Маврово
Следен напис МЗШВ: Соопштение за пријавувањето за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?