Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнаа работите за санација и регулација на коритото река Вардар во населените места во Општина Јегуновце за превенција од поплави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнаа работите за санација и регулација на коритото река Вардар во населените места во Општина Јегуновце за превенција од поплави
Агровести

Почнаа работите за санација и регулација на коритото река Вардар во населените места во Општина Јегуновце за превенција од поплави

Објавено 01/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во населеното место Туденце во Општина Јегуновце почна да се расчистува коритото на реката Вардар, што е дел од проектот „Подобрување на отпорноста на поплавите во полошкиот регион“, финансиран од Владата на Швајцарија и се спроведува со партнерство со Програма за развој на Обединети Нации (УНДП). Денеска теренска посета направија министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.

Проектот предвидува повеќе активности долж течението на реката Вардар во Општина Гостивар и Општина Јегуновце. Долж коритото на реката која минува низ повеќе места во Општина Јегуновце ќе се прави чистење на природното корито од градежен шут, комунален и кабаст отпад како и вегетација што го попречува текот на реката. На двете општински подрачја тоа ќе се прави на вкупна должина од 17,2 километри, а ќе се извршат и стаблизирања на 12 најкритични речни делници со вкупна должина од 1,8 километри.

– Ги штитиме пред сè граѓаните на овој регион од поплави. Знаеме дека овој регион е ранлив на временски непогоди и истите се често со катастрофални последици за жителите на подрачјето. Затоа применуваме интегриран пристап на сите вклучени страни како што се донаторите, владата, локалната власт и заедницата за да им помогнеме на локалната заедница од отпорноста од поплави, изјави министерката Каја Шукова.

Претставникот на УНДП потсети дека активностите се преземаат согласно нивното мото дека треба да се управуваат ризиците, а не само последиците од катастрофите.

– Поројните дождови предизвикуваа поплави во домови и земјоделски полиња. Затоа ќе работиме на санација на речното корито на Вардар и стабилизација во должина од 8500 метри во ова подрачје. Од оваа интервенција најголем бенефит ќе имаат три илјади жители од општината Јегуновце, изјави Армен Григорјан.

Градежните работи за регулирање на горен Вардар во Општина Јегуновце чини над 30.907.617 денари.

– Неизмерна е радоста што ја споделувам со вас поради санацијата на коритото на река Вардар. Ова е историски ден за жителите на Општина Јегуновце што долго време се очекува, а посебно во местата по текот на реката Вардар. Ризикот од поплави ќе се сведат на минимум по завршување на проектот, истакна градоначалникот Димитар Костадиноски.

И оваа 2023 година имаше поплави во неколкуте места во Општина Јегуновце. Градоначалникот информираше дека формирале комисија за процена на штети и извештајот е доставен до в второстепена владина комисија од каде сè уште се чека одговор за обесштетување.

Проектот „Подобрување на отпорноста на поплавите во полошкиот регион“, финансиран од Владата на Швајцарија со над 12 милиони долари и предвидува мерки и активности во повеќе населени места во Полошкиот регион.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВардарЈегуновцекоритоторегулацијасанација
Претходен напис Одрон целосно го запре сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица
Следен напис Нормализиран патниот правец Македонска Каменица – Делчево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?