Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од штипско-карбинскиот регион ги подготвуваат нивите за сеидба на житните култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од штипско-карбинскиот регион ги подготвуваат нивите за сеидба на житните култури
Агровести

Земјоделците од штипско-карбинскиот регион ги подготвуваат нивите за сеидба на житните култури

Објавено 21/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу половина од нивите за пченица и јачмен се подготвени за сеидба во штипско-карбинскиот регион, вели за МИА потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Немањето дожд, лошите временски услови, но и ниската откупна цена на житните култури се причина што земјоделците доцнат со подготовките за сеидба.

Според Сарафимов, откупната цена од 10 и 9 денари за пченицата и јачменот се разочарувачки за сите земјоделци кои планираат нова сеидба.

-Поради сето ова и според исказите на дел од земјоделците се очекува површините под житни култури во штипско-карбинскиот регион да се намалат за 20 проценти, вели Сарафимов.

Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци додава дека поради ниската откупна цена на житото голем дел од производителите собраната пченица и јачмен ја чуваат во амбарите. Во моментов доколку ја продадат нема да можат да ги покријат трошоците, а по нивно барање Земјоделскиот институт од Скопје изготви производна цена, која речиси е дупло повисока од откупната.

–  Земјоделскиот институт ни изготви производна цена за пченицата 19 денри, а за јачменот 15. За жал трговците, мелничарите ја откупуваат пченицата по 10денари, а јачменот не го ни откупуват бидејќи сточниот фонд е катастрофално намален и полјоделците се уште во потека ситуација з разлика од останатите земјоделци. Огромните количини од произведена пченица се уште стојат во амбарите. Никој не е заинтересиран за откуп, вели Каракашев. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Следен напис Посетители од Бугарија на градскиот пазар во Делчево, се купува овошје и зеленчук
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?