Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општините имаат важна улога во реализирањето на ИПАРД програмата – Апелираме за поголема ангажираност во навремено обезбедување на потребните документи на апликантите за користење на средства од ИПАРД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општините имаат важна улога во реализирањето на ИПАРД програмата – Апелираме за поголема ангажираност во навремено обезбедување на потребните документи на апликантите за користење на средства од ИПАРД
Агровести

Општините имаат важна улога во реализирањето на ИПАРД програмата – Апелираме за поголема ангажираност во навремено обезбедување на потребните документи на апликантите за користење на средства од ИПАРД

Објавено 16/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инвестиции и изградба на фарми, објекти за преработка, подигнување на долгогодишни насади, набавка на специјализирани возила и изградба на современа инфраструктура во руралните подрачја се само дел од инвестициите кој како можности ги нуди ИПАРД 3 програмата за развој на македонското земјоделство.

Општините имаат важна улога во реализирањето на ИПАРД програмата. Токму затоа апелирам на поголема ангажираност и вклученост од страна на општините, преку навремено издавање на градежни дозволи и подготовка на урбанистичките документи кои им се потребни на апликантите за користење на поддршка од ИПАРД програмата.

Дополнително важна улога имаат и добавувачите на земјоделска механизација, кои имаат обврска да доставуваат реални и фер понуди на земјоделците кои сакаат да набават механизација преку ИПАРД програмата.

Како држава по неколку основи сме земја лидер во реалзиацијата на ИПАРД програмата. Имаме најголема искористеност од 98% на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2369 договори, нула евра поврат на европски средства за поддршка и први во регионот започнуваме со реализација на ИПАРД 3 програмата. Првите 30 милиони евра, преку распишување на првиот јавен повик за мерките 1 и 7, се веќе ставени на располагање за инвестиции во македонскиот агросектор.

Кај овој јавен повик расположливите средства се наменети за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за постбербени активности, објекти и опрема за прерабтки, опрема за собирање, калибрирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Инвестиции за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила. Поддршката од оваа мерка дава можност за јакнење на руралните подрачја преку инвестиции во подобрувањето на услугите за руралното население и инвестиции во руралниот туризам.

ИПАРД е наша успешна приказна, успех со кој треба сите да се гордееме. Затоа потребна е максимална посветеност од сите страни.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИпардМзшвопштиниСоработка
Претходен напис Николовски од Брисел: Посветено работиме на задолженијата низ поглавјата, сигурно чекорејќи кон поставената цел членство во Евопската Унија до 2030 година
Следен напис Николовска: После денешниот ден во Брисел – Дали ни треба ЕУ? Ве молам, какво е тоа прашање!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?