Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) САД: Избрана најомилената „дебела“ мечка за 2023 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) САД: Избрана најомилената „дебела“ мечка за 2023 година
Магазин

(ВИДЕО) САД: Избрана најомилената „дебела“ мечка за 2023 година

Објавено 16/10/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Натпреварот „Недела на дебелите мечки 2023“ во САД, ја круниса женката кафеава мечка по име „128 Грејзер“ од Националниот парк Катмај на Аљаска, како „најубавата дебела“ единка од својот вид.

„Таа е олицетворение на убавината и грациозноста – и голтна толку многу лососи!“, напиша Службата за национални паркови на САД на Инстаграм.

За победникот на натпреварот гласа американската јавност со споредување на фотографии и снимки од мечките. Почнат како шега во 2014 година, натпреварот сега претставува сензација во САД. За овогодишното издание се регистрирани повеќе од 1,3 милиони гласови. 

При изборот на омилената мечка, луѓето во живо ги следат „кандидатките“ кои јадат и до 45 килограми риби лосос дневно. Невладината екоорганизација „Експлор“ е организатор на натпреварот.

Налето и наесен, мечките добиваат до 50 отсто од својата тежина. Ова за нив е клучно „складирање резерви на храна“ пред зимската хибернација, при којашто овие животни се кријат во своето засолниште и спијат пет месеци, дури и без да пијат вода. Насобраните масти им служат како храна во тие неколку месеци.  

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:2023 годинадебеламечкаСАД
Претходен напис Голем пожар беснее меѓу селата Муматчево и Милино на границата на Општина Велес со Општина Лозово
Следен напис ЦУК: Вкупо 52 пожари на отворено во последното деноноќие, четири сè уште активни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?